| четврток, 6 декември 2018 |

Се сеќавате ли на пионерската заклетва?

Со црвена марама и пионерска капа – титовка, со подготвена и до бескрај повторени реченици, секое прваче во Југославија на Денот на републиката – 29 ноември ја кажуваше Титовата заклетва. Југоносталгичарите, некогаш и сами Титови пионери и ден-денес ги паметат стиховите.

Денес кога станувам пионер
давам чесен пионерски збор

дека ќе учам и работам
и ќе бидам добар другар

дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија

дека ќе го развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито

дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
кои сакаат слобода и мир !!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top