| четврток, 6 декември 2018 |

Каталонци против Баски во финалето на шпанскиот куп, Барселона и Атлетик во меч за трофејот

Каталонскиот клуб Барселона и Баските од Атлетик Билбао ќе играат во финалето на шпанскиот Куп на кралот на 30 мај во Мадрид. Барселона по вторпат со 3-1 го победи и елиминира Вилјареал, додека Атлетик со победа на гости од 2-0 и со вкупен резултат од 3-1 го исфрли од игра Еспањол и спречи каталонско финале во срцето на Шпанија.

Новиот триумф на Барса против „жолтата подморница“ мина во сенка на повредата на Серхио Бускетс по грубиот старт на Пина, кој подоцна беше исклучен по атакот врз Нејмар. Бускетс ќе паузира еден месец според првичните информации, а, за среќа, мина без скршеница на глуждот. Нејмар двапати и Суарез еднаш ја тресеа мрежата на домаќините, а стрелец за Вилјареал беше Џонатан Дош Сантош.

barsa

Атлетик го надигра Еспањол на гости, а за пат во финалето се погрижија Адуриз и Ечеита со по еден погодок во првото полувреме. Првиот меч заврши нерешено 1-1.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top