| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободениот ирански дипломат се врати од Јемен

јемен

Иранскиот дипломат Нур Ахмад Никбахт, кој бешее киднапиран во Јемен во 2013 година е ослободен и се врати денеска во Техеран, јавија иранските државни медиуми.

Никбахт, кој беше киднапиран од непознати напаѓачи во главниот град на Јемен, Сана во јули 2013 година, пристигна на техеранскиот аеродром Мехрабад.

– Специјалениот тим на Министерството за разузнавачки служби успеа да го ослободи Никбахт од терористите по серија комплексни и тешки операции, спроведени во одреден дел од Јемен – изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

Никбахт е втор високорангиран заложник, кој е ослободен во Јемен во текот на оваа недела.

Дипломат на Саудиска Арабија, кој во 2012 година беше киднапиран од припадниците на терористичката мрежа Ал Каеда, беше ослободен во понеделникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top