| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија: Убиени 700 изгладнети коали

koala

Австралиските власти убиле околу 700 коали на југоистокот од земјата каде што овие мали торбари умирале од глад, изјави Лиза Невил, министерката за животна средина на државата Викторија.

Коалите биле успиени во период меѓу 2013 и 2014 година во областа Кејп Отвеј, објасни министерката.

– Ова беше неопходно за да се избегне гладувањето на коалите. Тие немаа што да јадат – објасни Невил.

Таа додаде дека екипа стручњаци работат на згрижување на коалите, но не ја исклучи можноста повторно да бидат убиени.

– Искуството покажува дека преселување на коалите не дава резултати и дека, напротив, може да предизвикува уште поголем проблем – рече Невил.

Австралиската фондација за заштита на коалите, која проценува дека бројката на овие торбари е околу 100 илјади, ги обвини официјалните лица за драматичната ситуација во која се нашле овие животни.

– Тоа што тие го направија е шокантно бидејќи дозволиле ситуацијата да деградира до таа мера – велат од Фондацијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top