| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку десет загинати во експлозија на рудник во Донецк

рудари

Најмалку 10 лица загинаа, а 16 други се ранети денеска при експлозија на метан во рудникот за јаглен Засјадко близу Донецк, соопштија попладнево локалните власти.

Според истите извори, како што јави ДПА, 23 рудари засега се водат како исчезнати и спасувачките екипи трагаат по нив.

Во време на експлозијата, што се случила во 5:30 часот по локално време (4:30 по средноевропско време), во рудникот имало околу 230 рудари.

Рудникот Засјадко е еден од најголемите во реонот на Донбас и се наоѓа на територија што е под контрола на проруските сепаратисти. Според сепаратистичките власти во Донецк, експлозијата не се должи на артилериски оган.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека сепаратистите не им дозволиле на околу 60 припадници на украинските спасувачки екипи да пристапат до рудникот.

Во овој рудник за јаглен од 1999 до 2007 година се случиле седум несреќи, а во најтешката на 18 ноември 2007 година загинаа 101 рудар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top