| четврток, 6 декември 2018 |

Нема, нема Линдзи Лохан пак на суд

Нема крај на испадите на Линдзи Лохан. Таа повторно е повикана на суд, овојпат поради давање лажен исказ по сообраќајната несреќа што се случи минатата година. Тогаш таа била на условна слобода. Актерката, меѓутоа, сега се призна, па судот наместо 240 дена затвор и одреди казна – рехабилитација што ќе ја спроведе во следните три месеци.

lindzi lohan

Според американските медиуми, Лохан веќе на 25 март треба да почне со отслужување на казната, што опфаќа 90 дена престој  и лекување во Центар за одвикнување, што нема да смее да го напушти, како и 30 дена општествено корисна работа во Њујорк, потоа 18 месеци редовна психотерапија и надомест на штета за човекот кого во јуни го удри со својот автомобил.

Доколку некоја од овие одлуки не ја испочитува на Лохан и следува затвор, но и ново судење за непочитување на одлука на судот, за што може „зад решетки“ да остане и неколку години.

Списанието „Пипл“ пишува дека судијата ѝ советувал повеќе да не седнува зад волан и да се држи до договореното, инаку не ѝ се пишува добро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top