| четврток, 6 декември 2018 |

Сјајни педесет години Драмски на Шекспирова

На сцената на Драмски досега се одигрни вкупно 339 премиери, 10.519 претстави кои ги виделе скоро три милиони гледачи - 2.951.297. Од 339 премиери 128 биле дела на домашни, македонски автори. Во богатата ризница на Драмски пишува дека овој театар е добитник на сите релеватни поединчени и колективни награди во Македонија но и на просторите на поранешна Југославија. Ќе остане запишано дека „Солунски патрдии“ на Коле Ангеловски е најизведувана претстава во овој театар со над 330 изведби

Dramski jubilej 9 (Custom)

Милица Стојанова и Ленче Делова актерките кои играа во првата претстава на Драмски пред 50 години

Актери, режисери, драматурзи, театарски критичари, гости, пензиониран персонал дојдоа денеска на Свечената академија која ја организираше Драмски театар во Скопје на која се прославуваа 50 години откако овој театар е во објектот кој се наоѓа на улицата „Шекспирова“ во скопската населба Карпош.

Две години по катастрофалниот земјотрес во Скопје, со донација од Велика Британија е изграден објектот каде што и ден денес се наоѓа Драмски. Како што рече и првиот директор на Драмски, Ристо Стефановски, „кога ни ја доделија локацијата, таму завршуваше Скопје. После Драмски беа бавчи“, на отворањето на објектот пристустувал и тогашниот бриттански амбасадор во поранешна Југославија.

Dramski jubilej 14 (Custom)

Дејан Лилиќ во друштво на режисерот Бојан Трифуновски

– Среќен сум што мојата земја и помогнала на Македонија. Секогаш сум среќен кога ќе видат позитивни резултати од работата меѓу нашата земја и Македонија – рече денеска Чарлс Гарет, британскиот амбасадор во Македонија, кој присустуваше на свечената академија во Драмски.

Освен Стефановски, меѓу гостите беа и доајенот на македонското глумиште Милица Стојанова, потоа Ленче Делова, Славица Зафировска, гости од Македонскиот народен театар – Дејан Лилиќ, актуелниот директор на МНТ чиј матичен театар е Драмски, режисерот Дејан Пројковски, уметничиот директор на МНТ, режисерите Коле Ангеловски, Синиша Евтимов, претставници од Театарот за деца и младинци, гости од Театар Комедија – Андреј Цветановски, Наташа Поплавска, директорот на Велешкиот театар Јордан Витанов, актери од повеќе генерации. Сите тие го исполнија фоајето на Драмски.

Dramski jubilej 5 (Custom)

Коле Ангеловски

На сцената на Драмски досега се одигрни вкупно 339 премиери, 10.519 претстави кои ги виделе скоро три милиони гледачи – 2.951.297. Од 339 премиери 128 биле дела на домашни, македонски автори. Во богатата ризница на Драмски пишува дека овој театар е добитник на сите релеватни поединчени и колективни награди во Македонија но и на просторите на поранешна Југославија. Ќе остане запишано дека „Солунски патрдии“ на Коле Ангеловски е најизведувана претстава во овој театар со над 330 изведби.

Dramski jubilej 1 (Custom)

Златко Славенски

– Гордост е да се биде дел од Драмски – вели уметничкиот раководител на Драмски театар Рубенс Муратовски, кој повеќе од 15 години е дел од ансамблот на овој театар.

Публиката ги памети претставите „Покојник“, „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Солунски патрдии“, „Еригон“, „Словенски ковчег“, „Кандид во земјата на чудата“, „Чија си“, „Не сега драга“ и многу други претстави по кои театарот во Карпош два стана препознатливо и култно место.

– Овој театар ги испиша најблескавите страници на современата македонска драмска историја – вели актуелниот директор на Драмски Роберт Велјановски.

Dramski jubilej 10 (Custom)

Јовица Михаловски и Зоран Љутков

Првата претстава која се одиграла на даските во Драмски на „Шекспирова“ е „Богомилска балада“ во режија на Тодорка Кондова-Зафировска, а во претставата играа Милица Стојанова, Ленче Делова, Видосава Грубач.

Театрот започнал како куклен односно детски театар во рамките на МНТ. Во 1949 година по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснува во Градски куклен театар. Во сезоната 1957/58 под раководство на Ристо Стефановски театарот се реорганизира во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги игра на две сцени: младинска и детска. Во 1965 година се вселува во сегашниот монтажен објект. Едновремено се формира и постојан професионален ансамбл, за чии членови-основачи се Нада Гешоска Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Вукан Диневски, Мара Исаја, Исака, Ацо Јовановски, Тодорка Кондова -Зафировска, Драги Крстевски, Крум Стојанов, Милица Стојанова и Кирил Ќортошев. Во 1967 година Истата година театарот се преименува во Драмски театар. 

Јубилејот вечерва се заокружува со претставата „Ждрело“ за која веќе билетите се распродадени.

фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top