Времето утрово е сончево и студено со слаб ветер од променлив правец. Температурата се движи од -6 до 4 степени и тоа:
-6 Берово и Маврово, -5 Кр.Паланка, -4 Скопје-Петровец, Крушево и Лазарополе, -2 Битола, Штип, Куманово и Тетово, -1 Скопје-З.Рид, Д.Капија, Претор и Прилеп, 0 Струмица и Виница, 1 Охрид, 4 Гевгелија и Дојран.
Во текот на денот ќе имаме сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во западните подрачја каде е можно во текот на ноќта да има слаб локален дожд.
Ќе дува слаб, а попладне повремено умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе имаме сончево и релативно топло со умерена облачност, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе достигне до 14 степени.
Значителна промена на времето се очекува во четврток кога нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот и ќе предизвика облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта према петок каде во западните делови локално се очекуваат да наврнат над 25л/м2. Ноќта кон петок ќе се спушта постуден воздух кој ќе предизвика на некои повисоки места врнежите од дожд да поминат во снег, особено во северните и западните делови од земјата, а на планините да се зголеми снежната покривка. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец, а ноќта ќе го смени во северен и ќе предизвика опаѓање на температурите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.