Рускиот опозициски лидер Борис Немцов, кој беше убиен во петокот во Москва, денеска е погребан на московските Тртојекуровски гробишта, откако илјадници луѓе, меѓу кои руски и странски политичари и активисти, се простија од него.
Дел од руските медиуми објавија дека на погребот присуствувале околу 600 луѓе.
Комеморацијата за Немцов беше во Центарот за човекови права „Андреј Сахаров“, на која присуствуваа и потпретседателите на руската Влада, Сергеј Приходко и Аркадиј Дворкович, портпаролката на рускиот премиер Наталија Тимакова, како и поранешниот премиер Михаил Касјанов, американскиот амбасадор во Москва, Џон Тефт, поранешниот британски премиер Џон Мејџор и многу други.
Најмалку двајца влијателни европски пратеници, побарале да присуствуваат на погребот, но не им било дозволено да влезат на руска територија.
Богдан Борусевич, претседател на полскиот Сенат, од Варшава изјави дека руските власти одбиле да му дадат влезна виза за Русија.
Поранешната летонска министерка за надворешни работи Сандра Калниете, која сега е европратеник, изјави дека руската погранична полиција синоќа не и дозволила да влезе во Москва од московскиот аеродром Шереметјево. Парламентарката била принудена ноќта да ја мине на аеродромот. Властите и објасниле дека правото да влезе во Русија и било одбиено врз основа на член 27, алинеја 1 од рускиот кривичен кодекс. Калниете побарала да и разјаснат што точно значи одредбата од законскиот текст, но никој не можал да и даде објаснување.
Портпаролот на руското обвинителство Владимир Маркин денеска изјави дека се поведени истражни дејствија за сите верзии за убиството на Немцов, се распрашуваат сведоци, земени се материјални докази, прегледана е снимката од безбедносните камери, побарани се серија судски експертизи, меѓу кои и медицински, балистички и други.
Пријателката на Немцов, украинската манекенка Ана Дорицкаја, која е сведок на убиството, од истрагата добила одобрение да ја напушти Русија и таа уште вчера пристигнала во Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!