| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ го поздрави предвременото отплаќање на долгот

 mmf

Меѓународниот монетарен фонд го поздрави предвременото враќање на кредитната линија за претпазливост за Македонија.

– Ја поздравувам одлуката на Македонија за предвремено враќање на заостанатите обврски кон Фондот, што го покажува подобрениот пристап на земјата до меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме продолжување на блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти, изјави директорот на ММФ Кристин Лагард.

Република Македонија предвреме ги исплати вкупните заостанати обврски кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 173,3 милиони долари. Овие обврски произлегуваат од средствата повлечени во рамките на Претпазливата ликвидна линија, одобрена во јануари 2011 година. Според првичниот план, последната рата требаше да се исплати во март 2016 година.

Извршниот одбор на ММФ го заврши четвртиот и последен пост-програмски мониторинг со Македонија на 15 јануари 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top