СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава за П.М.(55) од Штип, главен благајник во ЈЗУ Клиничка болница – Штип поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело проневера во службата.
Имено, пријавениот повеќе пати во периодот од јануари 2011 до декември 2013 година, како главен благајник во ЈЗУ Клиничка болница – Штип, со намера да се стекне со противправна имотна корист, проневерил парични средства, на начин што паричните средства ги присвоил од благајната, наплатени од пациенти по основа на полагање стручен испит, вршење лекарски прегледи на кандидати за возачи, издавање лекарски уверенија и препис на документација со што во наведениот период проневерил парични средства во вкупен износ од 966.030 денари, со што го оштетил буџетот на ЈЗУ Клиничка болница – Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



