| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Македонците најмногу ѝ веруваат на Армијата

Во Македонија и Србија институции со најголема доверба се државните армии (71.5 отсто од испитанците во Македонија и 69 отсто од испитаниците во Србија), додека во Албанија и Косово тоа се меѓународни воени институции како НАТО (71 проценти) и односно КФОР (67 проценти). Во Албанија, државната армија се рангира трета (44 проценти) согласно довербата на граѓаните

arm_4

Според истражувањето на јавното мислење спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, граѓаните од регионот најмногу имаат доверба во државните и меѓународните воени институции.

Во Македонија и Србија институции со најголема доверба се државните армии (71.5 отсто од испитанците во Македонија и 69 отсто од испитаниците во Србија), додека во Албанија и Косово тоа се меѓународни воени институции како НАТО (71 проценти) и односно КФОР (67 проценти). Во Албанија, државната армија се рангира трета (44 проценти) согласно довербата на граѓаните.

Државната армија е рангирана четвртта (69 проценти) од испитаниците во Црна Гора со тоа што граѓаните повеќе веруваат во здравствениот (60.3 отсто) и образовниот (58.7 отсто) систем како и во Српската православна црква (55.6 проценти). Во Босна и Херцеговина државната армија е втора институција со најголема доверба (62 проценти) додека најмногу се верува во работата на претпријатијата за комунални дејности (63.1 отсто).

Објаснувањата за овие рангирања се разликуваат од земја до земја.

Ѓерѓи Вурмо од ИДМ Албанија, големата доверба во НАТО (71 отсто), која е поголома од било која државна институција го објаснува со општата перцепција дека државните институции се корумпирани, па оттаму граѓаните ја насочуваат довербата во меѓународни институции. Ќендеса Сулејмани од ЦИКП смета дека во Македонија армијата е настрана од јавниот живот без позначајни скандали и без повод за недоверба. Од друга страна, Ирина Ризмал од ЦЕАС Србија тврди дека армијата во Србија традиционално ужива голема доверба и не е погодена од воените злосторства кои се поврзуваат со неа, бидејќи на неа се гледа пред сѐ како на институција која ги брани граѓаните.

Осврнувајќи се на субјектите со помала доверба, во четири од шесте држави, политичките партии се на дното од табелата, а слаба доверба уживаат и судството и собранијата.

Истражувањето на јавното мислење се спроведе во рамки на проектот „Застапување за отворена влада“ финансиран од Европската унија, кој се имплементира во шест држави од регионот. Во Македонија анкетата се реализираше во август 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top