Украинскиот претседател Петро Порошенко посмртно го одликува убиениот руски политичар Борис Немцов со украинскиот Орден на слободата, пренесе ТАСС, повикувајќи се на веб-ајтот на украинското претседателство.
За нас Украинците Борис засекогаш ќе остане руски патриот и пријател на Украина. Тој со својот живот докажа дека овие две нешта можат да бидат заеднички, па дури човек и да ги посака, се наведува во соопштението на Порошенко.
– Немцов влезе во историјата на Русија како реформатор – изјави копретседателот на неговата партија РПР-Парнас, Михаил Касјанов, цитиран од ТАСС.
Касјанов дојде да се збогува со Немцов во центарот „Сахаров“ во Москва, каде што во моментов се одвива четиричасовото поклонение пред посмртните останки на убиениот руски политичар.
– Немцов беше човек на создавањето, а не на разурнувањето – потсети Гари Минх, претставник на рускиот претседател Владимир Путин во руската Државна дума, пренесе ТАСС.
Минх го претставуваше претседателот на Русија на поклонението на Немцов. Тој потсети дека Борис секогаш ја сакал Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.