Кандидатката за градоначалник на Карпош од коалицијата „За подобра Македонија“, Јагнула Куновска, вети дека Општината ќе ги стипендира најдобрите ученици во основните училишта во Карпош.
– Имено, овој проект не е непознат во општината Карпош. Досега се даваа од две до четири илјади денари месечно за најмногу 110 деца. Во нашиот проект, ние предвидовме стопроцентно зголемување. Талентираните спортисти и ученици ќе добиваат по 6 илјади денари месечно. Овој проект ние ќе го реализираме во периодот од 2013 до 2017 година. Од општинската каса ќе одвоиме шест милиони денари, кои ќе ги распоредиме во 10 месеци, односно децата ќе земаат стипендија од 1 септември до 20 јуни секоја година – рече Куновска.
Целта на овој проект, како што најави Куновска, е да се поттикне засилувањето на свеста кај граѓаните за значењето на образовниот процес и спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


