Министерот за финансии Зоран Ставрески, одржа пресконференција во Владата на која соопшти дека денешните снимки од телефонските разговори меѓу него и министерката Гордана Јанкуолска, кои ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, биле нецелосни и со селективна природа и имале за цел да внесат раздор во економскиот тим на Владата.
– Времето ќе покаже кој го правел снимањето, и кому тоа му користело. Не знам кому му користело, ама знам на кого најмногу не му користи. Најмногу не му одговара на граѓаните на Република Македонија на кои се прави штета со ова – рече министерот за финасии Зоран Ставрески на прес конференцијата по објавените снимки од страна на СДСМ.
– Заради карактерот и природата на снимките кои се стекнати и креирани и со кои се располага на незаконски начин за нешто што ќе биде предмет на правна разрешница не би можел ништо да кажам. Можам и сакам да коментирам на поенти кои беа изнесени од Заев, за наводните тврдења за кредитот, јас можам да се сетам како се разрешија тие ситуации. Имаше различни приоди како да се решат кредитите од кинеската банка, и се консултираа сите правни експерти и се прифати мислењетонајдобар начин да се реализира е да се донесе посебен закон изгласан во Собранието. Во однос на прашањето околу Битола, сакам да кажам проверив за таа постапка, беше праќана финансиска инспекција, рече Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.