Во Словенија од денеска почнува со работа првиот омбудсман за храна, однсоно „заштитник на односите во синџирот за снабдување со храна“ при Министерството за земјоделство, кој ќе се грижи за чесните односи меѓу земјоделците, преработувачката индустрија и трговските синџири.
Словенечките медиуми пренесуваат дека за нов омбудсман е именуван деканот на Високото земјоделско училиште од Ново Место, Јоже Подгоршек, доктор по агрономија, кој и самиот е земјоделски производител.
Станува збор за непрофесионална должност со петгодишен мандат, за која следува месечна плата во износ од една третина од доходот на државниот секретар.
Подгоршек истакна дека негова цел е да воспостави чесни односи и почитување на законите на сите учесници во овој синџир, од производители до потрошувачи, додавајќи дека е потребно да се „освестат“ купувачите дека храната што е произведена во Словенија е подобра и побезбедна од увозната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.