Мештаните од кочанското село Чифлик, по еднонеделна интензивна потрага, долж коритото на реката Брегалница, го пронајдоа телото на исчезнатата соселанка Љубица Стаменкова.
Според сопругот Благоја, безживотното тело, во таканаречен воден густеж, заглавено во подводни гранки од дрво, го пронашол нивниот син, на стотина метри низводно од мостот, од каде се претпоставува дека, Љубица со скокање во се уште надојдените и брзи води на Брегалница си го одзела животот, пишува „Канал 5“.
Пред една недела, 55 годишниот Стаменков, во полиција го пријавил исчезнувањето на сопругата, која во последните два месеци покажувала нарушено ментално здравје, но и на неколкупати најавила самоубиствени намери. По увидот од надлежните истражни органи, телото на починатата ќе биде предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.