Вчера наутро во ПО Велешта е пријавено дека во периодот од 22.02 до 01.03.2015 година, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Петка“ во с.Долна Белица, струшко.
Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот низ отворената влезна врата влегол внатре и со подесен предмет ја откорнал вратничката од металната каса во која се оставаат пари, при што одзел околу 1.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.