Во последно време зголемен бројот на конзументи на психотропни супстанции во Охрид. Професор д-р Стефан Буџакоски објаснува дека нашата земја е транзитно подрачје низ кое поминува голема количина на дрога. Тој додава дека изненадувачки е фактот што покрај марихуаната која е најраспространета , во последно време се почесто се користи кокаинот, дрога која во светот уште е позната како дрога за богатите.
-Се повеќе и повеќе, повозрасни бизнисмени и носители на функции консумираат кокаин, вели за локалната телевизија „О2“ проф. д-р. Стефан Буџакоски.
Најчесто се започнува со марихуаната , па потоа корисниците се префрлаат на потешки дроги, вели Буџакоски. Во Охрид пристапот до дрога е лесен , особено и до кокаин. Според мислењето на професорот во борбата против трговија со дрога надлежните институции треба да се здружат , а особено внимание треба да се стави и на превентивното делување , особено во образованието . Резултатот за распространетоста на ова зло се мери според бројот на зависници.
Борбата против трговијата со дрога постоела и ќе постои , потенцира Буџакоски. Податок кој загрижува е тоа што се повеќе млади од љубопитност да пробаат , подоцна стануваат зависници . Најмладиот консумент на дрога е на возраст од 13 години , истакнува професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.