| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен турскиот новинар Мехмет Барансу

Познатиот турски новинар Мехмет Барансу беше приведен денеска во рамки на истрагата за наводен заговор за преврат против турската Влада, позната како операција „Чекан“

Полицијата го претресла домот на новинарот во Истанбул. Барансу е обвинет за „создавање на терористичка организација“ и присвојување документи, поврзани со безбедноста на државата. Новинарот Мехмет Барансу, кој работи во весникот „Тараф“ беше приведен на кусо и кон крајот на декември и поради критиките на Твитер кон советникот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Мустафа Варанк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top