| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Во насилствата во Ирак во февруари загинале над 1.000 лица

он

Мисијата на ОН во Ирак соопшти дека во насилствата во Ирак загинале над 1.100 луѓе, меѓу кои 600 цивили.

Во денеска објавениот извештај, Мисијата на ОН за помош во Ирак (УНАМИ) наведе дека минатиот месец во земјата загинале 1.103 луѓе, од кои 611 биле цивили.

Останатите се припадници на силите за безбедност.

Најмалку 2.280 се ранети, а меѓу нив 1.353 цивили.

Според овие податоци, најмногу насилства имало во ирачката престолнина Багдад, каде 329 цивили загинале, а 875 се ранети.

Со тие податоци не е опфатена една третина од ирачката територија која ја зазеде екстремната џихадистичка организација „Исламска држава“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top