| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски во посета на Кавадарци и Росоман

грујо

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Кавадарци и Росоман.

За време на посетата Груевски ќе присуствува на пуштањето во употреба на спортската сала во основното училиште „Пере Тошев“ и на новоизграденото подрачно училиште во село Паликула во општина Росоман.

Премиерот ќе ја посети и фабриката „Дрекслер Маер“ во Кавадарци, а во негово присуство ќе биде пуштен во употреба и локалниот пат село Страгово – село Крњево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top