За користење на бањско-климатска рекреација или бесплатен викенд во подрачните канцеларии на Фондот за пензиско-инвалидско осигурување во Берово и Делчево се пријавиле 725 пензионери од четирите општини на Пијанечко-малешевскиот крај.
Според поднесените барања, 505 пензионери се од подрачјето на општините Делчево и Македонска Каменица, а 220 од малешевските општини Пехчево и Берово.
Од Канцеларијата на Фондот за ПИОМ во Делчево информираат дека на почетокот од месецот ќе бидат известени пензионерите на кои им се одобрени барањата за бањско-климатска рекреација и распоредот на термините за користење.
Бањско-климатската рекреација за пензионерите за годинава почнува од март и ќе трае до ноември, а бесплатните викенди ќе се организираат од април до крајот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



