Блиц криг кој траеше само 8 минути од 78. до 86. минута им беше доволен на фудбалерите на Борусија Дортмунд за да го декласираат големиот ривал Шалке 04 со 3-0 во дербито на Рур. Тоа е едно од најголемите ривалства во германскиот фудбал, а популарните „милионери“ потполно заслужено славеа на убедлив начин.
Обемејанг го отвори бункерот на гостите од Гелзенкирхен во 78. минута, само 120 секунди подоцна Михтарија погоди за 2-0, а печат на блескавата победа на Борусија стави Марко Ројс во 86. минута по големата грешка на голманот Веленројтер. Тинејџерот на голот на Шалке 04 се обиде да дрибла, а Ројс умешно ја искористи авантурата на Веленројтер и му даде гол за убедливи 3-0 во рурското дерби.
Резултати: Борусија – Шалке 04 3-0, Хановер – Штртгарт 1-1, Баер – Фрајбург 1-0, Хофенхајм – Мајнц 2-0, Херта – Аугсбург 1-0. Вчера: Баерн – Келн 4-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд
-
Борусија Дортмунд експресно најде замена за Дембеле