Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со вчерашната трансакција во Вашингтон, префрлена е и последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари.
Со тоа, како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, а подобрен е и имиџот на земјата зашто се намалени јавниот и државниот долг за 1,7 процентни поени.
Кредитот во износ од 312 милиони долари беше земен во 2011 година, а почна да се враќа кон средината на 2014-та.
– За да го пресретнеме ризикот од натамошен раст на американскиот долар и на тој начин да заштедиме пари, направивме опсежни анализи земјаќи ги предвид сите можни сценарија и проценки за натамошното движење на американската валута во однос на еврото по што одлучивме дека е добро и корисно предвреме да се отплатат преостанатите 174 милиони долари, нагласи Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.