Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва играат значаен натпревар во Лигата на шампионките.
Избраничките на Индира Кастратовиќ се пред императив на победа во дуелот со германскиот Лајпциг на средбата од 4.коло во групата 1. Само со победа против германската екипа, која во првиот меч славеше триумф со26:23, вардарки ќе ги одржат шансите за освојување на едно од четирите места во групата кои носат пласман во нокаут рундата.
Средбата, ЖРК Вардар – Лајпциг која ќе се игра во СЦ „Јане Сандански’’ со почеток од 19 часот е единствената од оваа група за денеска.
Во преостанатите два натпревари утре ќе играат, Турингер – Крим Меркатор и Будуќност – Динамо Волгоград.
Табела: Будуќност 13 бодови, Динамо Волгоград 10, Турингер 6, Лајпциг 6, ЖРК Вардар 5 и Крим Меркатор 2.
Во втората групата двојките се: Ларвик – Ѓер (сабота), Мец – Виборг и Наја Маре – Савенхоф (недела)
Табела: Ларвик – Ѓер (сабота), Мец – Виборг и Наја Маре – Савенхоф (недела).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.