Еден од водечките руски опозициони политичари Борис Немцов е убиен вечерва во центарот на Москва јавува руската агенција „Интерфакс“.
Поранешниот заменик премиер во времето кога владата на Русија ја водеше претседателот Борис Елцин е убиен во близина на Кремљ, каде што пешачел со засега неидентификувана жена.
Немцов е еден од најжестоките критичари на политиките на Путин, а животот го загубил кога во него пукале неколку луѓе кои што предходно излегле од возило во центарот на Москва.
Немцов, кој имаше 55 години имаше имиџ на економски реформист, а беше гувернер на еден од најголемите руски градови Нижни Новогород.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.