| четврток, 6 декември 2018 |

Украден фустанот на Лупита, вреден 150.000 долари

lupita

Фустанот, во кој минатогодишната добитничка на Оскар, Лупита Нионг блесна на црвениот килим на 87-то свечено доделување на наградите, е украден од нејзината хотелска соба, пишува ТМЗ.

Фустанот е креација на модната куќа Келвин Клајн, а за нејзина изработка биле неопходни да се вткаат дури шест илјади бисери. Вредноста на овој фустан е 150.000 долари.

Како што изјави актерката во полицијата, фустанот исчезнал во вторникот, во утринските часови  меѓу 8 и 9 часот. Во тој период Лупита не била во собата, а кога се вратила видела дека фустанот е украден.

Претставник од полицијата во Лос Анџелес ја потврди оваа информација.

– Можам да потврдам дека фустанот исчезна од собата во хотелот „Лондон“ кој припаѓа на актерката, Лупита Нионг. Моментално ги разгледуваме сите можности, а една од нив е дека собарката ја оставила вратата отворена додека чистела, што го искористиле потенцијалните сторители, рече тој.

Тој исто така, рече дека истрагата е во тек и дека полицијата ги испитува сведоците.

Управата на хотелот „Лондон“ исто така, ја потврди оваа информација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top