Луѓето кои оваа година на Денот на вљубените биле сами, многу е веројатно дека прикзната на Ема Морано, која 77 години нема партнер, ќе ги расположи.
Италијанката за која се верува дека е најстар жител на Европа и петтата најстара жена во светот вели дека по првиот брак решила да остане сама и да не се мажи повторно. Тоа и помогнало да живее долго. Таа денес има 115 години.
И препораката од лекарите секој ден да јаде по три живи јајца исто така влијаела на нејзината долговечност.
Во интервју за магазинот „Ла стампа“ Ема ја објаснила својата дневна исхрана.
– Појадувам кекс и млеко или вода, ручам јајца и тестенини со месо, а вечерам само една чаша млеко – рекла Ема.
Долговечноста е во фамилијата на Ема. Двете нејзини сестри исто така доживеле длабока старост – 102 и 99 години.
– Не сакав некој да доминира над мене – објаснила Ема зошто по првиот брак решила да остане сама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.