| четврток, 6 декември 2018 |

Ирена Павлова де Одорико: Културата е во длабока сенка

Во рол­ја­та на Пе­не­ло­па е Але­ксан­дра Пав­ло­ва, Зла­тко Ми­тре­ски ги игра ма­шки­те ним­фи, а учес­тву­ва и акте­рот Дар­ко Ве­љиќ, ко­го јас уме­ам да го на­ре­чам „чо­век-глас“, ве­ли Пав­ло­ва де Одо­ри­ко

kultura129-1

Ва­ше­то нај­но­во ос­тва­ру­ва­ње е пер­фор­ман­сот „Пе­не­ло­па нет“ ба­зи­ран на исто­и­ме­на­та кни­га. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за со­др­жи­на­та? За што ста­ну­ва збор?
Павлова де Одорико: …„Пе­не­ло­па нет“ е еден вид дол­го тка­ен пер­со­на­лен, кон­фе­си­о­на­лен го­вор за си­те сци­ли и ха­риб­ди на жен­ска­та оса­ме­ност бла­гос­ло­ве­на за по­род, но и осу­де­на на че­мер­но не­об­јас­ни­во чма­е­ње ме­ѓу че­ти­ри­те ѕи­да, на жен­ски­от фа­тум, на ма­шки­те пла­но­ви за неа, на фа­ло­крат­ска­та чиз­ма врз се­ко­ја неј­зи­на иде­ја над­вор од до­мот. По­ра­но мис­ли­тел­ки­те ги па­ле­ле на пло­шта­ди, се­га се рам­но­прав­ни со ма­жи­те, на­вод­но ја до­би­ја сво­ја­та сло­бо­да, но таа нај­че­сто се ри­му­ва со рас­пе­ти­е­то, и по­втор­но тре­ба да го шти­ти до­маш­но­то ог­ни­ште, па сѐ дру­го, да бдее над де­ца­та за да не би­де обе­ле­жа­на, ток­му за­тоа оваа тех­но­ло­шка ера се по­ка­жа ка­ко из­во­нре­ден на­чин да би­де­ме сло­бод­ни ма­кар вир­ту­ел­но. Aко же­на­та го уки­на­ла сво­јот мла­де­шки но­ма­ди­зам, се­га мо­же да го вра­ти на вир­ту­е­лен на­чин, да ста­не еден вир­ту­е­лен но­мад, да би­де по­и­на­ква, да ко­ке­ти­ра, да шар­ми­ра, но и да би­де иро­нич­на и па­ро­дич­на и од до­мад да ста­не но­мад. „Пе­не­ло­па нет“ флер­ту­ва со ма­шки ним­фи дла­бо­ко во но­ќта за да си ја из­ле­ку­ва оса­ме­но­ста до­де­ка неј­зи­ни­от оди­сеј Мир­че е во не­воз­мож­ни ми­сии за­тоа што ма­шки­те ми­сии се, во прин­цип, не­воз­мож­ни. Вој­ни­те по­ве­ќе ли­чат на дет­ски игри, иа­ко ова зву­чи сар­ка­стич­но, на из­мис­лу­ва­ње игри по­ра­ди здо­дев­ност. За жал или за жен­ска сре­ќа, ов­де ма­жи­те се ним­фи што се оби­ду­ва­ат во неј­зи­ни­от вир­ту­е­лен свет да ја осво­јат ре­ал­но, но таа др­ско ги раз­о­ткри­ва и по це­на на игра­ње врз тен­ка­та ли­ни­ја на жи­ле­тот. Но, Пе­не­ло­па има и дру­га су­штин­ска зад­ни­на, зна­чи ре­зи­ме и еден комп­ле­тен ре­зул­тат на мо­ја­та кни­жев­на ра­бо­та од 1999 го­ди­на до се­га, чиј­што клуч пр­венс­тве­но се на­о­ѓа во ра­ди­кал­на­та апо­криф­на фа­бу­ла, ка­ко што е и оваа кни­га. Ток­му во овој пер­и­од се пра­шу­вам кол­ку вре­де­ше се­то ова, кол­ка­ва бе­ше смис­ла­та на овој труд, на ка­ква ин­те­рак­ци­ја и ехо на­и­доа овие збо­ро­ви упа­те­ни исто­вре­ме­но кон бе­скра­јот и ми­кро­све­то­ви­те на одре­де­ни по­е­дин­ци се­га, пред го­ле­мо­то за­ми­ну­ва­ње. Ха­ха­ха, еден при­ја­тел ко­га чу за иде­ја­та ми ре­че „се­ло го­ри, ба­ба се чеш­ла“, за­тоа што па­ра­лел­но се под­го­тву­вам и за за­ми­ну­ва­ње­то во Ита­ли­ја…

 

Кои акте­ри ќе ги из­го­во­рат реп­ли­ки­те на ма­ла­та сце­на во Уни­вер­зал­на са­ла? Ка­ко ги из­бра­вте, што бе­ше пре­суд­но ток­му тие да би­дат дел од овој пер­фор­манс?
Павлова де Одорико: Да­вид Ал­ба­ха­ри во ед­на сво­ја кни­га ве­ли де­ка во се­ко­ја кни­га што ја на­пи­шал, всуш­ност, пи­шу­вал за са­ми­от се­бе. А, исто та­ка, бри­ли­јант­ни­от Да­ни­ло Киш приз­на­ва де­ка си­те кни­ги што ги на­пи­шал го­во­рат за ко­ле­ктив­ни­те стра­да­ња по кон­цен­тра­ци­ски­те ло­го­ри, „ло­го­ри­те на ужа­сот на смрт­та“, но ко­га би тре­ба­ло да на­пи­ше ди­рект­но кон­фе­си­о­на­лен ро­ман „тоа не би мо­жел да го на­пра­ви“. Го­ле­ми­те авто­ри го приз­на­ва­ат тоа. Зо­што е нај­те­шко? Оби­де­те се да ги на­те­ра­те лу­ѓе­то да се про­ше­та­ат го­ли над­вор пред ва­ша­та згра­да, сре­де пло­шта­дот. Освен што би би­ло за­бра­не­то од тие што го одр­жу­ва­ат јав­ни­от ред и мир, ни­ко­гаш не би се ос­ме­ли­ле да ше­та­те го­ли на­о­ко­лу, па ни­ту во кре­ве­тот со ва­ши­от парт­нер не се чув­ству­ва­те ко­мот­но. Јас ја од­брав ва­ри­јан­та­та на ис­по­вед, на тоа бе­ском­про­мис­но откор­ну­ва­ње пар­чи­ња ду­ша, на луз­ни­те, нив­но­то по­ка­жу­ва­ње на бе­ла ви­де­ли­на не за­ра­ди не­ка­кво ма­зо­хи­стич­ко во­а­јерс­тво, ту­ку за­ра­ди мо­ја­та дла­бо­ка са­мо­у­бе­де­ност де­ка са­мо та­ка ќе ста­не­ме и оста­не­ме би­ти­ја на ед­на дла­бо­ка свес­ност, со­о­че­ни со сопс­тве­ни­те и со ту­ѓи­те ог­ле­да­ла. Ко­га раз­мис­лу­вав за про­е­ктот рас­по­ла­гав со па­ле­та од ду­шев­ни со­стој­би што ври­е­ја во тој не­у­мо­рен вна­тре­шен ка­зан. Отка­ко поч­наа да се пре­ле­ва­ат, си ре­ков, ка­ква што сум јас, ка­ква што е кни­га­та, та­ка ќе ги од­бе­рам и акте­ри­те. Во рол­ја­та на Пе­не­ло­па е Але­ксан­дра Пав­ло­ва, мо­ја­та се­стра, из­во­нред­но та­лен­ти­ра­на актер­ка од Драм­ски те­а­тар. Таа е мо­јот актер­ски и ге­нет­ски пан­дан ка­ко мла­да Пе­не­ло­па. Всуш­ност, ед­на на дру­га сме си пан­дан. Со про­би­те што ги имав­ме на сце­на­та во Уни­вер­зал­на са­ла ни­ко­гаш не сме би­ле тол­ку „бли­ску до бли­ско­ста“, зна­чи тоа е дел од мо­е­то автен­тич­но кре­а­тив­но и ге­нет­ско ја­дро. По­тоа Зла­тко Ми­тре­ски, исто та­ка, актер од Драм­ски те­а­тар, кој е еден из­во­нре­ден лик што ги игра ма­шки­те ним­фи со ед­на не­ве­ро­јат­на пре­лест, со ед­на лес­но­ти­ја што ја има­ат са­мо тие што та­лен­тот и зна­е­ње­то го има­ат во изо­билс­тво. Акте­рот Дар­ко Ве­љиќ, ко­го јас уме­ам да го на­ре­чам „чо­век-глас“, е иск­лу­чи­те­лен актер и пан­то­ми­ми­чар, поз­нат на ма­ке­дон­ска­та по­ши­ро­ка пуб­ли­ка ка­ко еден од нај­до­бри­те син­хро­ни­за­то­ри во те­ков­ни­те се­рии. Тој е на­ра­то­рот што гле­да сѐ или е го­ле­ми­от брат, или Бож­јо­то око. На гле­да­чи­те е да про­це­нат, но тој го не­у­тра­ли­зи­ра дејс­тво­то исто­вре­ме­но ука­жу­вај­ќи на не­го. По­сто­јат комп­ју­те­ри, вир­ту­е­лен свет и ре­а­лен свет, па­ра­лел­ни све­то­ви, гра­ни­ца­та ме­ѓу нив ќе ја уста­но­ви ма­ке­дон­ски­от кни­же­вен авто­ри­тет Але­ксан­дар Про­ко­пи­ев. Не мо­жам це­лос­но да ја об­јас­нам оваа игра на мо­и­те да­ма­ри за­ра­ди по­чит­та, по­све­те­но­ста и љу­бо­вта што ми ја по­да­ри­ја овие лу­ѓе – врв­ни про­фе­си­о­нал­ци…

kultura129-2

На­ско­ро за­ми­ну­ва­те со се­мејс­тво­то да жи­ве­е­те во Ита­ли­ја. Кои се при­чи­ни­те за Ва­ше­то за­ми­ну­ва­ње?
Павлова де Одорико: Зна­е­те, по­сто­јат фа­зи во чо­веч­ки­от жи­вот ко­га чув­ству­ва­те сон­че­ви зра­ци и бла­го ве­тре, кои ви ја ми­лу­ва­ат ко­жа­та, ко­га се­та енер­ги­ја се фо­ку­си­ра во си­те тие точ­ки што ко­му­ни­ци­ра­ат со кос­мо­сот. Ко­га кар­мич­ки по­стои рам­но­те­жа ме­ѓу тоа што го пра­ви­те и тоа што ви се слу­чу­ва. Во пред но­ва­та ера на мо­јот жи­вот бе­ше важ­на мо­ја­та ин­ди­ви­ду­ал­на кар­ма, а отка­ко се ро­див ка­ко со­пру­га и же­на, ту­ѓи­те жи­во­ти поч­наа да ме оп­сед­ну­ва­ат, жи­во­ти­те на мо­и­те де­ца, а по­тоа не­ма­ше крај. Жи­во­тот на дру­ги­те лу­ѓе ка­де што ка­та­ден си го по­ста­ву­вам пра­ша­ње­то мо­же ли чо­ве­кот да би­де сре­ќен во ед­но не­среќ­но вре­ме и сре­де не­среќ­ни со­би­ти­ја. Ем­па­ти­ја­та до тол­ку ве дла­би од­на­тре, ве гриц­ка ка­ко ста­о­рец та­ка што се оби­ду­ва­те да пре­жи­ве­е­те за да пре­жи­ве­ат и дру­ги­те што за­ви­сат од вас. Дру­го­то ни­во е фа­за­та ко­га чув­ству­ва­те де­ка се стес­ну­ва кар­мич­ки­от круг за вас. Не­бит­но да­ли е тоа си­ту­а­ци­ја, чо­век или на­ста­ни. Оп­сер­ви­рај­ќи ги си­те овие на­ста­ни се пра­шав зо­што не сум акти­вен дел од нив? Мо­же­би, ед­но­став­но, че­кам да ми по­ми­не скеп­са­та кон сѐ и се­што, па да ги из­би­стри ви­сти­ни­те. Во ме­ѓу­вре­ме, ќе жи­ве­ам во зем­ја што рас­чи­сти­ла ба­рем со ос­но­ви­те на гра­ѓан­ско­то до­сто­инс­тво.

 

Ка­ко автор и дол­го­го­ди­шен но­ви­нар во кул­тур­на­та ре­дак­ци­ја ка­ко би ги опи­ша­ле со­стој­би­те во кул­ту­ра­та де­нес?
Павлова де Одорико: Ова пра­ша­ње, на­ви­сти­на, бо­ли. Од мо­ја­та 21 го­ди­на имам ра­бо­те­но во си­те кул­тур­ни ме­ди­у­ми, по­сто­е­ше кул­тур­на страст, жар, за­вод­ли­вост во се­то тоа што се слу­чу­ва­ше, лу­ѓе­то не беа тол­ку лес­но за­мен­ли­ви ка­ко што пра­ве­ле на вре­ме­то древ­ни­те пле­ми­ња што не­гу­ва­ле иста кул­ту­ра. Пи­ев­ме од „ист бо­кал“ и бо­ка­лот не се кр­ше­ше, за си­те има­ше од таа зла­то­вид­на теч­ност за да се на­пи­јат. Од ма­леч­ка рас­тев во ку­ќа ка­де што до­а­ѓаа лу­ѓе со кои се раз­го­ва­ра­ше за До­сто­ев­ски, за Тол­стој. Јас бев во дре­меж, но не­ка­ко смис­ла­та на тие збо­ро­ви ми се ко­ди­ра­ше по­ткож­но. Се­га кул­ту­ра­та е во дла­бо­ка сен­ка и сту­ди ка­ко што им сту­ди на си­те мои дра­ги ко­ле­ги што ски­наа мно­гу ра­ла чев­ли за да ја на­пра­ват до­сто­инс­тве­на, за су­штин­ски да го оправ­да ова сѐ по­мал­ку ос­мис­ле­но по­сто­е­ње. Во по­ве­ќе­то про­фе­си­о­нал­ни ку­ќи во кои бев, кул­ту­ра­та бе­ше леб и во­да, се­га кул­ту­ра­та е не­што не­по­треб­но и не­бит­но, кое тре­ба да се ка­стри­ра. За­мис­ле­те, ду­ри не е ни не­што опас­но ка­ко што би­ло ко­га ги па­ле­ле кни­ги­те сре­де пло­шта­ди­те во сред­ни­от век. Имам мно­гу не­шта за ка­жу­ва­ње на оваа те­ма, не би са­ка­ла да плу­кам и ба­на­ли­зи­рам. Кул­ту­ра­та е све­та, а бла­сфе­ми­ча­ри има мно­гу. Ви­стин­ски­те кул­тур­ни свет­ци мол­чат во сен­ка, а што дру­го да пра­ват. Еден ди­ре­ктор на те­ле­ви­зи­ска ку­ќа ми ре­че „што да пра­ви­ме, ова е ка­пи­та­ли­зам“. Бла­го се нас­мев­нав и воз­вра­тив: „Ги прет­по­чи­там Исус и Маркс“. Бар­де­то е скр­ше­но. Искре­но се на­де­вам де­ка со до­а­ѓа­ње­то на но­ви­те ге­не­ра­ции, ќе се об­но­ви, а мо­и­те ко­ле­ги во ста­ро­ста ќе жи­ве­ат во бла­го­дат. Јас за­ми­ну­вам, та­ква е мо­ја­та кар­ма. Мо­же­би еден ден ќе се вра­там, Бог са­мо знае, не­ли. Јас сум Пе­не­ло­па, ко­ја ја пре­зе­ма рол­ја­та на Оди­сеј во ми­гот ко­га го на­пу­шта сво­е­то ме­сто.

 

(Разговараше: Невена Поповска
Текст објавен во 129. број на неделникот „Република“, 20.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top