| четврток, 6 декември 2018 |

Ирена Павлова де Одорико: Во туѓина и да живеете во замок ќе имате скриен лакримариј кога ќе ви наврат солзи!

Во Ве­не­ци­ја ги би­страм мис­ли­те. Мно­гу лу­ѓе са­ка­ле да умрат та­му. То­мас Ман ја на­пи­ша кни­га­та „Смрт во Ве­не­ци­ја“, но­бе­ло­ве­цот Јо­сиф Брод­ски е по­гре­бан та­му, но јас до­пр­ва са­кам да за­жи­ве­ам еден жи­вот, ка­ко но­ва же­на во ед­но но­во ме­сто, со еден нов жи­вот, но со си­от ба­гаж што го но­сам со се­бе, ве­ли Ире­на Пав­ло­ва де Одо­ри­ко

irena-pavlova-kultura-int184-1

Не­о­дам­на за­ми­на­вте од Ма­ке­до­ни­ја и се­га со се­мејс­тво­то жи­ве­е­те и тво­ри­те во Ита­ли­ја? Те­шко ли бе­ше да ре­ши­те?

Пав­ло­ва де Одо­ри­ко: Мо­е­то за­ми­ну­ва­ње бе­ше ре­зул­тат на ед­на вна­треш­на од­лу­ка, ко­ја бе­ше кон­се­квен­ци­ја на еден за­о­кру­жен кре­а­ти­вен и про­фе­си­о­на­лен ан­гаж­ман, и тоа, по­ве­ќе­де­це­ни­ски, кој до­па­ту­ва до сопс­тве­ни­от зе­нит, до точ­ка­та на ври­е­ње, до по­тре­ба­та од нов про­стор, нов воз­дух, но­ви хо­ри­зон­ти, во при­ват­на, ин­тим­на и во про­фе­си­о­нал­на смис­ла. За да се оправ­да од­лу­ка­та, по­мог­на и фа­ктот што мо­е­то се­мејс­тво е ком­би­на­ци­ја на две кул­ту­ри, на два ја­зи­ка, на две зем­ји, на две љу­бо­ви во ед­на, кои го ис­пи­ли­ја тоа што, ко­неч­но, на кра­јот од си­те кра­и­шта е нај­важ­но… мо­и­те две де­ца, два би­се­ра, две на­де­жи, две при­чи­ни ду­ри и за кре­а­ти­вен и за ду­хо­вен оп­ста­нок. И, ете та­ка, се за­тво­ри еден кар­мич­ки круг за да се отво­ри нов, со си­те не­поз­на­ти и не­пред­вид­ли­во­сти на тој жи­во­тен и кре­а­ти­вен аџи­лак.

 

Во таа смис­ла „Пе­не­ло­па.нет“ бе­ше нај­а­ва за за­ми­ну­ва­ње?

Пав­ло­ва де Одо­ри­ко: Со мо­ја­та нај­но­ва кни­га што бе­ше об­ја­ве­на пред да за­ми­нам од оваа на­ша са­ка­на и на­ма­че­на зем­ја, „Пе­не­ло­па.нет“ го нај­а­вив мо­е­то за­ми­ну­ва­ње, всуш­ност мо­ја­та по­е­ма го нај­а­ви тоа и пред са­ма­та да до­не­сам та­ква од­лу­ка за­тоа што, ве­ру­вам, дла­бо­ко ве­ру­вам во тоа де­ка автен­тич­но­то тво­реш­тво е пре­ког­ни­тив­но, пред­ви­ду­вач­ко… единс­тве­но што еден автор тре­ба да го пра­ви е да пи­шу­ва.

 

Во мо­мен­тов жи­ве­е­те и ра­бо­ти­те во Ита­ли­ја. Но­ва сре­ди­на, кул­ту­ра, па и на­чин на ра­бо­та. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за та­мош­ни­те окол­но­сти. Ка­ко се снај­до­вте?

Пав­ло­ва де Одо­ри­ко: До­па­ту­вав во зем­ја­та, ко­леп­ка на умет­но­сти­те, на кул­ту­ра­та, зем­ја­та на Дан­те, на Ле­о­нар­до, на Ми­ке­лан­џе­ло и си ре­ков Ире­на и што се­га? Ка­ко ќе про­дол­жиш во кој пра­вец на сво­и­те 47 го­ди­ни? Единс­тве­но­то што зна­еш да го пра­виш е да пи­шу­ваш, да по­ста­ву­ваш до­бри пра­ша­ња, да ги истра­жу­ваш и ана­ли­зи­раш ви­сти­на­та и смис­ла­та на чо­веч­ко­то жи­ве­е­ње, но, си ре­ков, зар тоа не е нај­важ­но? Во еден та­ков ка­пи­та­ли­стич­ки свет не е. Ле­о­нар­до одам­на по­чи­на, Ита­ли­јан­ци­те одам­на жи­ве­ат мно­гу по­и­на­ку, мо­дер­ни, кул­тур­ни, умор­ни ро­бо­ви на со­вре­ме­ни про­фе­сии, кои сѐ по­мал­ку има­ат вр­ска со умет­но­ста, иа­ко по­стои од сѐ по мал­ку. Ре­шив да про­дол­жам со пи­са­тел­ска­та во­ка­ци­ја. Си ре­ков пи­шу­ва­ње­то е твој из­бор, твој крст, твој рај, тво­ја суд­би­на. За прв­пат ја до­жи­ве­ав сло­бо­да­та на таа про­фе­си­ја-не­про­фе­си­о­нал­на на­ре­че­на „сло­бо­ден умет­ник“ и та­ка од по­ход во по­ход, од по­тфат во по­тфат…

irena-pavlova-kultura-int184-2

Во мо­мен­тов жи­ве­е­те во Ве­не­ци­ја, ка­де што поч­на­вте да на­ста­пу­ва­те на ли­те­ра­тур­ни ве­че­ри. Ка­ко Ви ус­пеа?

Пав­ло­ва де Одо­ри­ко: Жи­ве­ам во ме­сто од­да­ле­че­но од Ве­не­ци­ја 40 ки­ло­ме­три. Ем бли­ску, но не до­вол­но ко­мот­но за се­којд­нев­на ко­му­ни­ка­ци­ја. Жи­ве­ам во зо­на­та Ве­не­то, на се­ве­рот на Ита­ли­ја. Се­којд­нев­но по­ми­ну­вав по­крај ед­на пре­крас­на га­ле­ри­ја што се ви­ка „Еле“ и еден ден вле­гов и му се прет­ста­вив на сопс­тве­ни­кот, а тој ми ве­ли: Ти си Слав­јан­ка, „Да“ – му воз­вра­ќам. Мо­ја­та со­пру­га е Ли­тван­ка – ми од­вра­ти за­ин­те­ре­си­ра­но Ан­дреа, сопс­тве­ни­кот на га­ле­ри­ја­та. По ку­си­от раз­го­вор ме по­ка­ни да при­сус­тву­вам на отво­ра­ње на из­лож­ба на ко­ја учес­тву­ваа лу­ѓе од умет­нич­ки­от свет, еден про­фе­сор на Ли­ков­на­та ака­де­ми­ја во Ве­не­ци­ја, и ете ме од при­вре­ме­на ита­ли­јан­ска до­ма­ќин­ка за миг вле­гов во еден свој сопс­твен свет на бли­ски лу­ѓе на ед­но без­вре­ме­но се­мејс­тво на ди­ја­ло­зи што ги во­дев во мо­е­то Скоп­је со мо­и­те бли­ски лу­ѓе. Се по­чув­ству­вав де­ка ов­де про­дол­жив да раз­го­ва­рам со слич­ни ду­ши и си ре­ков Бо­же мис­лиш ти на ме­не, не­ма да го по­ми­нам оста­то­кот од мо­јот жи­вот со ла­жи­ца во ра­ка­та.

 

Ра­бо­ти­те ли се­га на не­кое де­ло?

Пав­ло­ва де Одо­ри­ко: Се­га сум во фа­за на пре­вод на ед­на од мо­и­те нај­о­ми­ле­ни, а во­ед­но и нај­са­ка­ни кни­ги од стра­на на мо­и­те чи­та­те­ли, кни­га­та „Пот­ста­нар­ка“, ко­ја го­во­ри за пот­ста­нарс­тво­то на по­ве­ќе ни­воа, сло­е­ви, по­ли­сим­бо­ли и по­ли­ме­та­фо­ри. Си­те сме пот­ста­на­ри во овој свет: фи­зич­ки, мен­тал­ни, ду­шев­ни, ду­хов­ни…

 

Ве инс­пи­ри­ра ли Ита­ли­ја? Ка­ко ја до­жи­ву­ва­те?

Пав­ло­ва де Одо­ри­ко: Во ми­гов жи­ве­ам во Ита­ли­ја, ед­на од нај­у­ба­ви­те зем­ји на све­тот. Во Ве­не­ци­ја ги би­страм мис­ли­те. Мно­гу лу­ѓе са­ка­ле да умрат та­му. То­мас Ман ја на­пи­ша кни­га­та „Смрт во Ве­не­ци­ја“, но­бе­ло­ве­цот Јо­сиф Брод­ски е по­гре­бан та­му, но јас до­пр­ва са­кам да за­жи­ве­ам еден жи­вот, ка­ко но­ва же­на во ед­но но­во ме­сто со еден нов жи­вот, но со си­от ба­гаж што го но­сам со се­бе. Пр­ва­та сред­ба со Ита­ли­ја бе­ше мо­е­то го­сту­ва­ње на Би­е­на­ле­то во Ве­не­ци­ја, во рам­ки на про­е­ктот „Бун­кер по­е­ти­ко“. Чи­тав две пес­ни пре­ве­де­ни на ита­ли­јан­ски. На ко­ле­на сре­де мо­ли­тва, то­гаш тра­е­ше вој­на­та во Ср­би­ја, мо­лев за се­бе и за дру­ги­те, за ми­рот, за крев­ки­те ми­ро­љу­би­ви со­би­ти­ја што во кал­та ги пе­ат сво­и­те хим­ни и та­му го срет­нав чо­ве­кот на мо­јот жи­вот. Ток­му на пло­шта­дот Сан Мар­ко и тоа ста­на мо­ја суд­би­на. И ете сум се­га по­втор­но ту­ка.

 

Ви не­до­сти­га ли Ма­ке­до­ни­ја?

Пав­ло­ва де Одо­ри­ко: Ма­ке­до­ни­ја ми­ну­ва низ ед­на спе­ци­фич­на фа­за. Не ми е се­ед­но. Во ту­ѓи­на и да жи­ве­е­те во за­мок ќе има­те скри­ен ла­кри­ма­риј ко­га ќе ви на­врат сол­зи за бли­ски­те, за да­леч­ни­те, за бли­ски, за ро­дот, род­ни­ни­те, на­ро­дот, оди­се­и­те на мо­ја­та све­та зем­ја, и на­род што го жи­вее сѐ уште ма­ке­дон­ски­от дел од пе­ко­лот, но јас не из­бе­гав, ед­но­став­но си за­ми­нав ка­ко офор­мен автор и но­ви­нар. Сѐ уште те­шко се прис­по­со­бу­вам на кли­ма­та, на се­кое ни­во и во се­кое по­ле на жи­ве­е­ње­то. Зна­е­те „Жи­во­тот е кар­не­вал“, а Ве­не­ци­ја е еден од нај­до­бри­те во све­тот. Да жи­вее кар­не­ва­лот, за­тоа што жи­во­тот е игра, жи­во­тот е бал, кар­не­вал. Жи­во­тот е убав и ко­га не е ток­му та­ков.

Разговараше: Невена Поповска
(Текст објавен во 184. број на неделникот „Република“, 11.03.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top