Сакам мојата плата да биде намалена за 10 проценти,, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе РИА Новости.
Портпаролот на претседателот на најголемата по територија земја во светот, Дмитриј Песков, ја објави желбата на Путин да придонесе за постигнување оптимум на трошоците во рускиот буџет.
Претходно Путин изјави дека вработените во неговата администрација ќе имаат плата пониска за 10 проценти. Државната дума, исто така, го замоли претседателот да ја намали платата на пратениците, ако биде постигната согласност меѓу сите групи во долниот дом на парламентот.
Скратувањето е дел од планот на Владата на Дмитриј Медведев за коригирање на државниот буџет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.