Прилепскиот театар „Војдан Черндорински“ ја подготвува куклената претстава „Халифот Штрк“ по текст на германскиот автор Вилхелм Хауф, а во режија на режисерот Дарко Ковачовски.
– Го одбрав прилепскиот театар бидејќи има млада екипа, а во претставата се вклучени седуммина актери. Текстот на Хауф е многу интересен, екстравагантен и пикантен. Преку приказната и куклите-марионетки, ќе ја раскажеме дисхармонијата на личноста од една страна, а, од друга страна, одговорноста, љубовта – вели режисерот Ковачовски.
Сценографијата и костимите се на Надја Василева, автор на музиката е Владимир Џамбазов од Софија.
Во претставата, која премиерно ќе биде прикажана на почетокот на април, ќе играат Владимир Ѓорѓиески, Јасмина М.Станкоска, Александар Тодески, Наташа Наумоска, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска и Димитар Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.