| четврток, 6 декември 2018 |

За четвртина бурек – половина час орален секс

Момче од Белрад раскажува како и самиот останал во шок кога жена пред пекарница му понудила половина час орален секс во замена за бурек.

Додека влегував во пекарница, една жена која стоеше кај вратата нешто како да ми дофрли. Не ја слушнав добро, па ја прашав што сака. Мислев дека бара пари или нешто слично…Таа ми рече дека е гладна и дека орално ќе ме задоволи ако ѝ купам бурек – раскажува момче од Нов Белград.

Младиот белграѓанец за „Телеграф“ вели дека никогаш не помислил оти е можно тоа да му се случи.

Излегов од дома да отидам до трговскиот центар, а денот беше сончев иако е зима. Беше околу 11 часот претпладне кога се упатив кон пекарницата. На влезот една жена нешто ми дофрли, а кога се приближив да ја прашам што сака, бидејќи не ја слушнав убаво, не ми се веруваше што слушам… Останав вчудовиден. Не верував што слушам и во тој момент не знаев дали е сериозна. Кога ја прашав, па каде ќе го направиме тоа, таа ми рече – тука! – раскажува тој.

Тој потоа раскажал дека седнале на една клупа, а таа не се двоумела да се фати за работа. Вели дека веднаш почнал да се кае затоа што луѓе минувале во близина и можело некој да ги види.

Веднаш се покајав и се почувствував непријатно. Умрев од срам. Си велев што те натера на ова, глупаво машко… Луѓе се вртеа, а еден маж дури и ми дофрли нешто како – браво мајсторе… – раскажува момчето.

Тој вели дека потоа ѝ купил бурек и јогурт, а таа го грабнала и исчезнала оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top