| четврток, 6 декември 2018 |

Гласни ленти за тивок „Пуч“

Во СДСМ, по­крај Зо­ран Ве­ру­шев­ски, зад Зо­ран За­ев сто­јат уште најмалку трој­ца глав­ни ли­ка во ма­ке­дон­ски­от шпи­он­ски свет. Дејс­тву­ва­ње­то на стран­ски­те служ­би, пак, нај­че­сто е зат­скри­е­но во но­ви­нарс­тво­то, по­твр­ду­ва по­ра­неш­ни­от шеф на Служ­ба­та за др­жав­на без­бед­ност, исто та­ка, од СДСМ, Иван Ба­ба­нов­ски. Пред ма­ке­дон­ска­та јав­ност е иску­ше­ни­е­то да го из­др­жи ор­ке­стри­ра­ни­от „на­пад“, за што, се­пак, има искус­тво да го пре­поз­нае. Нај­мал­ку, три­па­ти до­се­га се има со­о­че­но со та­ков

Про­фе­со­рот Иван Ба­ба­но­ски, по­ра­не­шен шеф на Служ­ба­та за др­жав­на без­бед­ност, во сво­е­то дво­том­но де­ло „Но­ви­на­ри и ре­пор­те­ри ка­ко шпи­о­ни“, об­ја­ве­но не­о­дам­на, под­др­жа­но со фа­кти и ци­та­ти, ја по­ка­жу­ва по­вр­за­но­ста ме­ѓу овие две про­фе­сии, и ка­ко на­чин на ра­бо­та и ка­ко мож­ност за до­бра „ма­ска“. Ба­ба­нов­ски око­лу ра­ши­ре­но­ста на раз­уз­на­вач­ки­те мре­жи ве­ли де­ка аме­ри­кан­ска­та ЦИА и гер­ман­ска­та БНД се осо­бе­но актив­ни на Бал­ка­нот. Во де­ло­то на про­фе­со­рот и ка­дар на СДСМ ( кој сво­ја­та по­ли­тич­ко пар­ти­ска опре­де­ле­ност не ја крие ни­ту во оваа кни­га) до­да­ва не­кол­ку фа­кти око­лу стран­ски­те до­пис­ни­ци- шпи­о­ни, по­сто­ја­ни или пер­и­о­дич­ни, но и по­со­чу­ва на до­бро раз­ви­е­на мре­жа на до­маш­ни но­ви­на­ри во служ­ба на стран­ски­те служ­би. И тоа, оце­ну­ва Ба­ба­нов­ски „не се­ко­гаш за па­ри“. Ка­ко нај­до­бро рас­про­стра­не­та шпи­он­ска мре­жа, а по­твр­де­но со из­ја­ви на по­ра­неш­ни чел­ни лу­ѓе во раз­уз­на­вач­ки­те служ­би, ги по­со­чу­ва аген­ци­ја­та „Рој­терс“, па „Ра­дио Сло­бод­на Евро­па“, па гран­ки­те на бри­тан­ски­от „Би-Би-Си“, аме­ри­кан­ски­от „Си-Ен-Ен“.

Ка­ко опис на тоа кол­ку ва­ква­та по­ста­ве­ност на стран­ски­те служ­би во све­тот е актив­на, Ба­ба­нов­ски на­ве­ду­ва де­ка по­ве­ќе од 450.000 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции фи­нан­си­ра­ни од за­пад­ни­те спе­ци­јал­ни служ­би, ме­ѓу кои и ме­ди­у­ми и ме­ди­ум­ски ра­бот­ни­ци, ра­бо­те­ле во Ру­си­ја до пре­зе­ма­ње­то на кон­тро­ла­та на др­жа­ва­та од Вла­ди­мир Пу­тин, по­ли­ти­чар што по­тек­ну­ва од раз­уз­на­вач­ки­те служ­би. Број­ка­та во Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред Ба­ба­мов­ски, е од шест ил­ја­ди до 11.000 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции и ху­ма­ни­тар­ни ор­га­ни­за­ции од кои не­кои иск­лу­чи­тел­но се фи­нан­си­ра­ни од стран­ски из­во­ри, што, спо­ред не­го, е „со­лид­на ба­за за сиг­на­ли­зи­ра­ње“.

За до­маш­ни­те вр­бу­ва­ни но­ви­на­ри, Ба­ба­нов­ски ве­ли де­ка се од­лич­но тре­ти­ра­ни од ам­ба­са­ди­те на зем­ји­те за чи­и­што служ­би ра­бо­тат, а и де­ка ос­нов­на­та ра­бо­та не е са­мо да при­би­ра­ат ин­фор­ма­ции за нив, ту­ку и да до­би­ва­ат ин­фор­ма­ции што во одре­ден мо­мент тре­ба да ги пла­си­ра­ат.

Прес­ли­ка­но во акту­ел­ни­от мо­мент во Ма­ке­до­ни­ја, ве­ста за ко­ја шта­бот на СДСМ пре­ку сво­и­те де­жур­ни ли­ца на со­ци­јал­ни­те мре­жи ја пре­не­се де­ка е „глав­на вест во све­тот“, бе­ше ин­фор­ма­ци­ја­та од „Рој­терс“ за об­ви­ну­ва­ња­та од Зо­ран За­ев за прис­лу­шу­ва­ње. Во овој слу­чај, со­ста­вот на ин­фор­ма­ци­ја­та не за­ви­си са­мо од до­маш­ни­от из­ве­сту­вач, ту­ку и од ре­да­кто­рот во аген­ци­ја­та – а под ве­сти­те се на­ве­де­ни две­те ими­ња. Во „по­тра­га­та по де­мо­кра­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја и бор­ба­та про­тив ре­жи­мот“ но­ви­на­ри­те во ма­ке­дон­ско­то би­ро на „Ра­дио Сло­бод­на Евро­па“отво­ре­но и без ни­ка­ква от­стап­ка ги под­др­жу­ва­ат, нај­а­ву­ва­ат, пот­тик­ну­ва­ат и ди­рект­но учес­тву­ва­ат во си­те акти за изра­зу­ва­ње про­тест про­тив акту­ел­на­та власт. Во таа на­со­ка, спо­ред приз­на­ни­е­то на ди­ре­кто­рот Вла­ди­мир Мил­чин, ра­бо­тат и де­се­ти­на­та ме­ди­у­ми кон­тро­ли­ра­ни од Фон­да­ци­ја­та Отво­ре­но оп­штес­тво.

Пор­та­лот „Лен­ка“ (лен­ка.мк) пре­не­су­ва истра­жу­ва­ње за Со­рос. Та­ка се на­ве­ду­ва де­ка зад Фон­да­ци­ја­та се крие фи­нан­си­ра­ње по­ли­ти­ка со ко­ја по­тоа би се обез­бе­ди­ло обез­вред­ну­ва­ње на др­жа­ва­та и отво­ра­ње мож­ност за фи­нан­си­ски мал­вер­за­ции.

Меѓу кандидатите за наследник на Владимир Милчин како распределувач на парите од оваа фондација во Македонија е Гордан Георгиев, доскорешен висок функционер во СДСМ. По­крај де­се­ти­на­та ме­ди­у­ми што во Ма­ке­до­ни­ја се фи­нан­си­ра­ни од оваа Фон­да­ци­ја, неј­зи­ни па­ри од цен­тра­ла­та и од од­дел­ни се­ди­шта низ Бал­ка­нот се до­ни­ра­ат и за нев­ла­ди­на­та Бал­кан­ска истра­жу­вач­ка мре­жа (БИРН). Па­ри за оваа про­гра­ма на­ме­не­та за раз­вој на сло­бо­да­та на го­вор, де­мо­крат­ски вред­но­сти и чо­ве­ко­ви пра­ва сти­га­ат и од не­кол­ку ам­ба­са­ди, на при­мер од аме­ри­кан­ска­та, бри­тан­ска­та, хо­ланд­ска­та и од нор­ве­шка­та, ка­ко и ди­рект­но од ми­ни­стерс­тва за над­во­реш­ни ра­бо­ти, на при­мер, по­втор­но, од бри­тан­ско­то, нор­ве­шко­то и од хо­ланд­ско­то.

Да се вра­ти­ме на кни­га­та на Ба­ба­нов­ски. Уште во пр­ви­те 50-ина стра­ни­ци на ова де­ло е на­ве­ден еден ин­те­ре­сен мо­мент. Пи­шу­вај­ќи за 70-ти­те и за 80-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век и за стран­ски­те раз­уз­на­ва­чи-но­ви­на­ри во СФРЈ, Ба­ба­нов­ски на две стра­ни­ци пи­шу­ва за по­сто­ја­на­та до­пис­нич­ка од Бел­град Рут Гру­бер за аген­ци­ја­та УПИ (Ју­нај­тед прес ин­тер­неш­нел). Таа во 1981 го­ди­на за­ми­ну­ва во Вар­ша­ва, но Пол­ска ед­на го­ди­на по­доц­на ја про­те­ру­ва по­ра­ди не­при­ја­тел­ска деј­ност. Ба­ба­нов­ски ве­ли де­ка неј­зи­ни­те из­ве­штаи би­ле ко­рект­ни, освен во де­лот за ју­гос­ло­вен­ско- бу­гар­ски­те од­но­си. На­ве­ду­ва­ла де­ка се во­ди „не­ра­зум­на кам­па­ња“ во ју­гос­ло­вен­ски­те ме­ди­у­ми про­тив Бу­га­ри­ја. Спо­ред неа, „Бу­га­ри­те мо­ра­ле да се бра­нат би­деј­ќи Ма­ке­дон­ци­те и Бу­га­ри­те се при­пад­ни­ци на исто сло­вен­ско пле­ме“. Таа се по­ви­ку­ва­ла на до­ку­мен­ти од Бу­гар­ска­та ака­де­ми­ја на на­у­ки, а неј­зи­ни­те сим­па­тии кон Бу­га­ри­ја се дол­жат и на бли­ско­ста и, ве­ро­јат­но, на из­во­рот за ва­кви­те ста­во­ви, бу­гар­ски­от но­ви­нар- до­пис­ник од Бел­град Го­ран Го­тев, за кој таа до­да­ва де­ка има „до­бри кон­та­кти со бу­гар­ска­та ам­ба­са­да во Бел­град“.

Фа­ктот што не е на­ве­ден во кни­га­та е де­ка си­нот на Го­ран Го­тев, Ге­ор­ги Го­тев, е чо­ве­кот што де­не­ска ја во­ди аген­ци­ја­та „Еу­ра­ктив“, аген­ци­ја што ли­фе­ру­ва ана­ли­зи во чиј­што фо­кус тре­ба да се Европ­ска­та уни­ја и европ­ски­те вред­но­сти. Го­тев пом­ла­ди­от, по­крај та­лен­тот за пи­шу­ва­ње, од сво­јот та­тко ги нас­ле­ду­ва и ста­во­ви­те за Ма­ке­дон­ци­те и нив јав­но ги изра­зу­ва. Од не­о­дам­на за „Еу­ра­ктив“, во се­ди­ште­то во Бри­сел, ра­бо­ти по­ра­неш­на ма­ке­дон­ска до­пис­нич­ка од Бри­сел, во чи­и­што из­ве­штаи до­ми­ни­раа ста­во­ви­те на се­стрин­ски­те пар­тии на СДСМ.

 

Шпи­он­ска­та мре­жа на За­ев

Ако ана­ли­за­та и све­до­че­ње­то на Иван Ба­ба­нов­ски ја да­ва вр­ска­та ме­ѓу но­ви­нарс­тво­то и шпи­о­на­жа­та, ред е да се пог­лед­не ка­ко СДСМ до­а­ѓа до шпи­он­ска­та мре­жа. Во ак­ци­ја­та „Пуч“ е при­ве­ден по­ра­неш­ни­от прв чо­век на ма­ке­дон­ско­то раз­уз­на­ва­ње Зо­ран Ве­ру­шев­ски. Пис­мо­то пи­шу­ва­но на ра­ка, чи­ја­што автен­тич­ност ја по­твр­ди и Зо­ран За­ев, во­оп­што не мо­же да се образ­ло­жи тол­ку на­ив­но „чо­ве­кот е за грев, без пла­та че­ти­ри ме­се­ци, му ба­рав ра­бо­та во странс­тво, пре­ку пре­ми­ер од се­стрин­ска пар­ти­ја“. Не е са­мо пра­ша­ње­то што би ра­бо­тел по­ра­неш­ни­от раз­уз­на­вач во странс­тво, ту­ку и це­ла­та со­др­жи­на на пис­мо­то откри­ва мно­гу по­го­ле­ми дејс­тва. Ту­ка би ги изо­ста­ви­ле де­се­ти­ци­те мо­бил­ни те­ле­фо­ни и дру­ги­те до­ка­зи, за што истра­га­та и суд­ски­от про­цес тре­ба да да­дат од­го­вор зо­што би­ле по­треб­ни.

Но не е са­мо Ве­ру­шев­ски тој што има до­пир­на точ­ка со раз­уз­на­ва­ње­то и со шпи­он­ски­те мре­жи во СДСМ. Ако до­бро го пог­лед­не­те ам­би­ен­тот на прес-кон­фе­рен­ци­и­те на За­ев, са­мо во не­го­ва­та зад­ни­на има три ли­ца тес­но по­вр­за­ни со раз­уз­на­вач­ки служ­би или во­де­ле раз­уз­на­вач­ки служ­би. Не смее да се за­бо­ра­ват Ми­ле Зе­че­виќ, Ки­ре На­у­мов, ка­ко и Сте­во Пен­да­ров­ски, кој ка­ко со­вет­ник за на­ци­о­нал­на без­бед­ност под се­бе ги има­ше аген­ци­и­те за кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње и во­е­но­то раз­уз­на­ва­ње. Се­ка­ко, не смее да се изу­ми и де­ка ам­ба­са­до­рот Ви­ктор Ди­мов­ски бе­ше раз­ре­шен од пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ѓе Ива­нов во 2009 го­ди­на, отка­ко се доз­на де­ка до­де­ка е на функ­ци­ја ди­ре­ктор на Аген­ци­ја­та за раз­уз­на­ва­ње бе­ше из­бран во ра­ко­вод­ни­те ор­га­ни на СДСМ.

Не смее да се за­бо­ра­ви ни фа­ктот де­ка по­крај глав­на­та че­твор­ка осом­ни­че­на во „Пуч“, по не­кол­ку де­на се при­ве­де­ни и двај­ца дру­ги, ед­ни­от по­ра­не­шен, а дру­ги­от сѐ уште актив­но вра­бо­тен во служ­би­те. Иа­ко из­вр­ту­ва­чи­те од опо­зи­ци­ја­та са­каа тоа да го при­ка­жат де­ка, всуш­ност, ги до­ка­жу­ва нив­ни­те из­ја­ви де­ка „За­ев се оби­дел пред Гру­ев­ски да го скрие из­во­рот, па по­со­чил де­ка ма­те­ри­ја­ли­те се од стран­ски служ­би, а, всуш­ност, ги до­бил од до­маш­ни па­три­о­ти“, исто ка­ко и во слу­ча­јот со но­ви­на­ри­те, по­ра­неш­ни­те раз­уз­на­ва­чи за „Ре­пуб­ли­ка“ по­со­чу­ва­ат де­ка стран­ски­те мре­жи има­ат обра­бо­те­но вна­треш­ни со­ра­бот­ни­ци во до­маш­ни­те служ­би. Да­ли тие би­ле не­за­до­вол­ни од акту­ел­ни­от ста­тус, да­ли за па­ри, аген­ци­и­те си има­ат свои ме­то­ди за врбување. Исто ка­ко, впро­чем, и во по­ли­тич­ки­те стру­кту­ри во др­жа­ви­те што се цел на обра­бо­тка.

 

analiza129-2

 

Гласен или тивок „пуч“?

По­ра­неш­ни­от ди­ре­ктор на УДБА на СФРЈ, Бо­жи­дар Спа­сиќ, ве­ли де­ка е, де­ка е обид за ти­вок др­жа­вен удар, со уце­ни и при­ти­сок, без вклу­че­ност на по­ли­ци­ја­та и на вој­ска­та да се пре­зе­ме вла­ста. Тоа е, ве­ли, поз­нат ме­тод што се при­ме­ну­ва во све­тот.

– За­ев ту­ка не­ма моќ, ту­ка е са­мо за да ѝ ги пре­зен­ти­ра ин­фор­ма­ци­и­те на јав­но­ста, зад тоа стои не­кој друг, или не­чиј еко­ном­ски или по­ли­тич­ки ин­те­рес. Но, опе­ра­ци­ја­та мо­же да се из­ве­де са­мо со по­мош на до­маш­ни служ­би. Изд­во­е­ни де­ло­ви од ма­ке­дон­ски­те раз­уз­на­ва­чи учес­тву­ва­ле во ова – оце­ну­ва по­ра­неш­ни­от раз­уз­на­вач Спа­сиќ за „Ре­пуб­ли­ка“.

За оп­сер­ва­ци­ја е од­не­су­ва­ње­то на СДСМ и на под­др­жу­ва­чи­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи и на кон­тро­ли­ра­ни­те ме­ди­у­ми. Нив­ни­от фо­кус, исто ка­ко фо­ку­сот на За­ев, во­оп­што не е на пра­ша­ње­то да­ли це­ла­та афе­ра ќе при­до­не­се за но­ви из­бо­ри. Се­га се за­го­ва­ра ед­но­став­на за­ме­на на вла­ста. Се оди до тол­ку да­ле­ку де­ка „оваа ко­рум­пи­ра­на власт не смее да ор­га­ни­зи­ра из­бо­ри“, па се по­ми­ну­ва пре­ку по­ра­неш­но­то ба­ра­ње за „тех­нич­ка власт, ко­ја би ги ор­га­ни­зи­ра­ла“ и се оди нај­да­ле­ку – по­пис во др­жа­ва­та, по­тоа чи­сте­ње на из­би­рач­ки­от спи­сок, па ду­ри по­тоа но­ви из­бо­ри. До то­гаш- акту­ел­на­та власт, из­бра­на на де­мо­крат­ски из­бо­ри, тре­ба „да си за­ми­не“!?

Отка­ко јав­но­ста вни­ма­тел­но ги при­ма ин­фор­ма­ци­и­те об­ја­ве­ни од СДСМ, осо­бе­но по ни­за­та кон­тра­ди­ктор­ни из­ја­ви на За­ев, реј­тин­гот на СДСМ не го до­би по­са­ку­ва­но­то ни­во. Ма­те­ма­ти­ка­та ве­ли де­ка за да мо­же на евен­ту­ал­ни из­бо­ри да фор­ми­ра вла­да со ко­а­ли­ци­ра­ње со ал­бан­ски парт­нер, на За­ев му не­до­сти­га уште мно­гу. За­тоа, пак, ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ја ужи­ва до­би­е­на­та ви­со­ка под­др­шка. Ток­му за­тоа е и па­ни­ка­та на под­др­жу­ва­чи­те на За­ев, кои зна­ат де­ка ако ма­те­ма­ти­ка­та не се сов­па­ѓа, цен­та­рот на моќ што го кон­тро­ли­ра За­ев, ед­но­став­но, ќе се пов­ле­че од игра­та.

СДСМ за­тоа пре­вен­тив­но јав­но се свр­ти кон ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, од та­му да дош­ле да го сме­нат Гру­ев­ски, да ор­га­ни­зи­ра­ат из­бо­ри, да му по­мог­нат на За­ев во не­го­ва­та бор­ба за власт. Сѐ на сѐ, и јав­но се ба­ра и по­ви­ку­ва стран­ска ин­тер­вен­ци­ја за сме­на на ле­ги­тим­но из­бра­на и приз­на­е­на власт од странс­тво со под­др­шка на до­маш­на­та опо­зи­ци­ја. Ин­ди­рект­но – пуч!

Во оче­ку­ва­ње де­ка ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, се­пак (ка­ко што и се слу­чи до пи­шу­ва­ње на овој текст), ќе ба­ра вра­ќа­ње во ин­сти­ту­ци­и­те и нив­но ле­ги­ти­ми­ра­ње од опо­зи­ци­ја­та, СДСМ вни­ма­тел­но, со из­бра­ни пар­чи­ња на „плеј ли­ста­та“, упа­ту­ва по­ра­ки „ви­де­те, еве до­каз за тоа де­ка судс­тво­то и ме­ди­у­ми­те се ко­рум­пи­ра­ни“.

 

За тек­стот на по­ра­ка­та на­пи­ша­на на ра­ка, „Ре­пуб­ли­ка“ по­ба­ра мис­ле­ње од не­кол­ку до­маш­ни и стран­ски раз­уз­на­ва­чи за тоа: „Што мо­же да ра­бо­ти по­ра­не­шен ди­ре­ктор на раз­уз­на­вач­ка служ­ба во странс­тво?“ Од­го­во­рот од си­те е единс­твен. „Ни­што“, со за­бе­ле­шка: „Единс­тве­но што мо­же да на­пра­ви во странс­тво е, по по­тре­ба, да слу­жи да пре­не­се ин­фор­ма­ции на нив­ни­те служ­би“.

 

Пра­ша­ње­то „зо­што“ е клуч­но

Мно­гу­ми­на отво­ра­ат се­ри­ја пра­ша­ња со „зо­што“. Зо­што вла­ста би се прис­лу­шу­ва­ла? Зо­што и ка­ко ток­му За­ев е „до­бит­ник“ на ма­те­ри­ја­ли­те? Кој прис­лу­шу­вал, ка­ко се ин­ста­ли­ра­ни прис­лу­шу­ва­ња­та во ма­ке­дон­ско­то раз­уз­на­ва­ње и те­ле­ко­му­ни­ка­ции? И на кра­јот, чу­му се тоа?

Од­го­во­рот е ед­но­ста­вен, иа­ко по­ве­ќес­ло­ен. Тр­гај­ќи, на по­че­ток од ка­ри­е­ра­та на Со­рос, бер­зан­ски ма­ни­пу­лант, кој е поз­нат ду­ри и по де­вал­ва­ции и ури­ва­ње на це­ли на­ци­о­нал­ни ва­лу­ти, ка­ко бри­тан­ска­та фун­та или, на вре­ме­то, ита­ли­јан­ска­та ли­ра, за што има­ше и ле­ги­тим­ни об­ви­ну­ва­ња во Рим, се сме­сти во Источ­на Евро­па, во но­ви­те де­мо­кра­тии де­ва­сти­рај­ќи ги еко­но­ми­и­те и ва­деј­ќи ја „ма­ста“ од еко­ном­ски­те мал­вер­за­ции.

Прес­ли­ка­но на до­ма­шен те­рен, на­кра­тко, по за­е­ми­те од Со­рос за вла­да­та на СДСМ, ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја до­жи­веа ка­так­лиз­ма, по ко­ја сле­ду­ваа ни­за кри­ми­нал­ни при­ва­ти­за­ции. Не е да­ле­ку ни 2001 го­ди­на, го­ди­на ко­га ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја до­жи­ву­ва нај­го­лем по­раст. И то­гаш СДСМ е во опо­зи­ци­ја и се по­ја­ву­ва афе­ра­та „Го­ле­мо­то уво“. Слу­ча­јот ни­ко­гаш не е рас­чи­стен, а за­вр­ши со во­е­ни дејс­тва и со вра­ќа­ње на СДСМ на власт. Не­ма по­тре­ба да се на­вра­ќа­ме на нај­го­ле­ми­от „бон­бо­на-биз­нис“ на СДСМ.

Ако се зе­мат пред­вид акту­ел­ни­те од­го­во­ри на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја и за­бе­ле­жи­тел­ни­от по­раст, не е да­ле­ку по­втор­но да се во игра дру­ги ту­ѓи „бон­бо­на-биз­ни­си“. Се­ка­ко, во пре­ден план се и ме­ѓу­на­род­ни­те пре­гру­пи­ра­ња. Ру­ски­от нов га­со­вод , ки­не­ски­те ин­ве­сти­ции во ин­фра­стру­кту­ра­та, со отво­ре­ни­от ин­те­рес за вле­гу­ва­ње на стран­ски ка­пи­тал во др­жа­ва­та, не одат ра­ка под ра­ка со европ­ски­те при­ти­со­ци за пра­ша­ње­то за име­то – „се­га или ко­лапс“. При­тоа и Гр­ци­ја не е мно­гу за­ин­те­ре­си­ра­на за европ­ски­от фи­нан­си­ски при­ти­сок за ште­де­ње, нас­про­ти „ма­ке­дон­ски­от“ кон­цепт- со ин­ве­сти­ра­ње да се гра­ди по­ра­стот на БДП.

Се­ка­ко, и Ср­би­ја, ко­ја е на вра­та на ЕУ и на НАТО, ја гле­да еко­ном­ска­та сли­ка за гра­ѓа­ни­те. Не слу­чај­но во овие мо­мен­ти це­ла­та срп­ска вла­да дој­де во Скоп­је за да ка­же де­ка „има мно­гу да се учи од Ма­ке­до­ни­ја“. За­па­дот, се чи­ни, ја гу­би би­тка­та на Бал­ка­нот, а ако на тоа се до­да­де и ко­сов­ско­то бе­га­ње по се­ко­ја це­на што по­да­ле­ку од „за­пад­ни­от ус­пе­шен де­мо­крат­ски про­ект“ и не­ус­пе­хот на екс­пе­ри­мен­тот Бос­на и Хер­це­го­ви­на, при­каз­на­та за де­ста­би­ли­за­ци­ја и за пре­зе­ма­ње на де­мо­кра­ти­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја до­би­ва со­се­ма јас­на сли­ка.

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 129. број на неделникот „Република“, 20.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top