| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Карабатиќ и Едуарда Аморим најдобри во светот за 2014 година

FC Barcelona vs SG Flensburg-Handewitt

Францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ и најдобрата бразилска ракометарка Едуарда Аморим се прогласени за најдобри ракометари во 2014 година.
Во изборот Светската ракометна федерација (ИХФ) Карабатиќ доби 33,7 проценти од гласовите пред Данецот Микел Хансен, кој второто место го освои со 21 процент, додека трет беше репрезентативниот колега на Карабатиќ, голманот Тјери Омејер со 19,5 проценти.

Handball Women World Championship

Кај дамите, Аморим првото место го освои со 35,2 проценти, втора е романската репрезентативка Кристина Неагу, а третото место ѝ припадна на Хајди Локе.

Карабатиќ и Аморим со своите тимови Барселона и Ѓер се едни од најсериозните кандидати за освојување на првото место во Лигата на шампионите оваа натпреварувачка сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top