Режисерот Антонио Митриќески, заедно со полскиот директор на фотографија Јарек Шода, ги разгледува локациите на крајбрежјето на Преспанско Езеро, каде што на 20 мај треба да почне да се снима неговиот нов филм „Деца на сонцето“, чие сценарио го потпишува култниот писател Гордан Михиќ.
Шода и Митриќески соработуваат уште од студентските денови во Полска, каде што Митриќески има дипломирано на Државната школа за театар, филм и телевизија во Лоѓ, на отсекот за филмска и телевизиска режија во 1987 година. Јарек Шода беше директор на фотографија и на претходниот игран филм на Митриќески, „Како лош сон“. – Пресреќен сум што повторно ќе работам со Митриќески. Ние многу лесно наоѓаме заеднички јазик, а понекогаш се разбираме и без зборови. Љубовната приказна на Михиќ буквално ја голтнав од првиот до последниот ред. Деновиве уживав покрај Преспанско Езеро, кое мислам дека е совршена локација да се наслика приказната за филмот“ – изјави Шода. Планирано е снимањето да трае 36 дена. Речиси сите локации се покрај самото езеро, каде што ќе бидат изградени и адаптирани објекти. Инаку, ова е трет игран филм на Митриќески, на кој му претходат „Преку езерото“ од 1997 година и „Како лош сон“ од 2003 година. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и епизодна улога. Главната машка улога му е доделена на младиот македонски актер Кире Ѓоревски. „Деца на сонцето“ е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Словенија и Србија, а најголемиот дел од средствата ги обезбедува македонскиот Филмски фонд. |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија