На премиерата на мјузиклот „Ени“ во белградскиот „Синеплекс“, дел од гостите беа и познати мајки со своите деца. Меѓунив и нашата Тијана Дапчевиќ, која за свој придружник насекаде го има нејзиниот шестгодишен син Вук.
– Тој е свесен дека мајка му е позната. Фотографирање, давање изјави, автограми, тоа е дел од мојата работа за кој Вук е целосно свесен, иако е мал – вели Дапчевиќ за „Блиц“.
Македонската пејачка, која повеќе од деценија живее и работи во Белград, вели дека и Вук има желба да биде познат како неговата мајка, а кога ќе порасне сака да биде актер.
На последната „Златна бубамара“, Вук ја имаше честа да му ја додели наградата за хит на годината на неговата тетка, Тамара Тодевска.
– Кога излезе на сцената и доби аплауз ме праша дали сега тој е многу познат во Македонија – низ смеа открива Тијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.