Уставниот суд на Јужна Кореја го прогласи за неуставен и го укина законот, според кој брачното неверство се сметаше за криминален акт, а прељубниците, по правило, добиваа двегодишна затворска казна.
Законот бил донесен во 1953 година, со што Јужна Кореја беше една од ретките немуслимански држави што љубовното неверство го казнуваше со затвор.
Уставноста на овој закон во Сеул досега беше преиспитувана пет пати, а за донесувањето на одлуката за негово укинување гласале седум од деветте судии.
Во образложението на судската одлука се вели дека „грижата за моралот е индивидуално демократско право на лицата што се во брачна заедница“, како и дека законот посебно бил дискриминирачки за женската популација.
Во последните шест години на двегодишна казна за неверство биле осудени 5.500 лица, од кои 90 отсто биле жени. Само минатата година на двегодишен затвор биле осудени околу 900 прељубници.
Јавноста во Јужна Кореја го поздрави укинувањето на законот за неверство, но протестираа производителите на кондоми, кои сметаат дека им е „загрозен бизнисот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…