| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК ја претстави петтата оценка за безвизниот режим на земјите од Западен Балкан

ek

Европската комисија денеска ја претстави петтата оценка за безвизниот режим за граѓаните на Македонија, на Албанија, на Босна и Херцеговина, на Црна Гора и на Србија.

– Петтиот извештај за периодот по либерализацијата на визниот режим за земјите од Западен Балкан покажува дека се неопходни повеќе мерки за поддршка на целината на режимот за безвизно патување, со цел да се одговори на евентуалните злоупотреби со системот на Европската унија во областа на азилот – се посочува во соопштението на ЕК.

Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос изјави дека ЕК останува ангажирана на зачувување на безвизниот режим за граѓаните од земјите од Западен Балкан. Тој додеде и дека се предвидени мерки ако се злоупотребува режимот за безвизно патување односно ако се бара азил во земјите-членки на ЕУ.

ЕК посочува дека бројот на молбите за одобрување на азил од граѓаните на државите од Западен Балкан се зголемил по олеснувањето на безвизниот режим, а во 2013 година се искачил на рекордни 53.705 молби. Податоците за молбите за азил во првите првите девет месеци од минатата година е за 40 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2013 година.

Во исто време процентот на одобрени молби за азил во ЕУ бележи пад за граѓаните од Западен Балкан. Процентот на одобрени молби за граѓаните од Црна Гора е 3,7 проценти, 2,7 за српските граѓани и еден процент за граѓаните од Македонија.

Во 2013 година 8,1 проценти од албанските кандидати за азил и 5,9 отсто од барателите граѓани на БиХ добиле меѓународна заштита во земјите-членки на ЕУ и во земјите од шенген зоната.

Најголем број баратели на азил во ЕУ и во шенген зоната се од Србија (42 поценти во 2013 година), потоа следуваат граѓаните од Македонија и од Албанија (21 отсто), граѓаните од БиХ (14 проценти) и граѓаните од Црна Гора (два отсто).

Германија е земја која добива најголем број на барања за азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top