| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 250 деца се пријавиле на аудицијата за „Вистински приказни“

10996674_847730198621786_8315839922629789035_n

Повеќе од 250 деца се пријавиле на аудицијата за „Вистински прикзани“, нова детска играна серија, во организација на детскиот креативен центар Тинтири-Минтири, Аурипигмент продукција и МРТВ, која се одржа во недела во просториите на МРТВ.

– Над двеста и педесет пријавени кандидати, деца на возраст од 6 до 14 години од цела Македонија, сакаа да го покажат својот талент за глумење пред тричлената
жири комисија. „Многу таленти, многу деца со желба за глумење. Комисијата ќе има навистина тешка задача. Но, радосната вест за сите е дека ова не е единствен проект на Тинтири-Минтири, така што ќе се обидеме на секое дете да му дадеме шанса да ја почувствува магијата на филмот и телевизијата – изјави авторот на серијата, режисерот Кузман Кузмановски.
Центарот стартува и со организирање на часови по глума, сценарио, анимација, сценско движење, водители, радио драма и друго. Заинтересираните можат да се пријават во центарот во сабота, 28 февраури во 12 часот во просториите на МРТВ и да добијат професионално насочување, детектирање на талентот и насоки за понатмошно негување и развивање на истиот.
Екипата на Центарот се состои од режисер, сценарист, актер, педагог, социолог како и други соработници. Тимот на Тинтири – Минтири 12 години работи со деца од предучилишна и одделенска возраст во сферата на аудио-визуелните медиуми и театарската уметност, а под водство на Кузман Кузмановски. Меѓу другото организира работилници за анимација за деца во рамки на македонскиот интернационален фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Центарот стои зад реализацијата на играните серии за деца „Патувања со рабробил“ (2004) и „Патувања со рабробус“ (2007).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top