| четврток, 6 декември 2018 |

Престижната награда за архитектура „Прицкер“ ја доби Тојо Ито

oto500

Престижната награда Прицкер, која често ја нарекуваат и Нобелова награда за архитектура, оваа година ја доби јапонскиот архитект Тојо Ито.

2oto500

Зградите на Ито, вклучувајќи библиотеки, театри, станбен и деловен простор, се пофалени поради флуидната убавина и балансот меѓу физичкиот и виртуелниот свет.

Името на добитникот вчера во Лос Анџелес го прочита жири во кое оваа година беше и судијата на Врховниот суд на САД, Стивен Брејер.

Ито (71) е шестиот јапонски архитект што ја добива оваа престижна награда.

Брејер во соопштението наведе дека архитектурата на Ито „го подобрила квалитетот на јавниот и приватниот простор“ и „инспирирала многу архитекти, критичари и јавноста“.

Ито ќе добие чек на 100.000 долари и бронзен медал на церемонијата на 29 мај во Претседателската библиотека во музејот на Џон Ф. Кенеди во Бостон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top