| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите тактики во онлајн познанствата

naslovna

Нема универзална формула која гарантира успех во онлајн познанствата, но резултатите од британско истражување, откриваат некои клучни тактики кои функционираат подобро од другите.

Меѓу нив се чесноста, чувството за хумор и групни фотографии.

За оваа цел авторите на оваа студија од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, споредиле резултатите од 86 објавени истражувања на различни специјалисти.

Мозокот, а не срцето, не тера да се заљубиме

Британските истражувачи откриле дека чувството за хумор, игра клучна улога во онлајн познанствата.

Intenet-dating-620x350

Машкиот квалитет, што жените го ценат најмногу 

Профилот со фотографии на кои корисникот е насмеан и со малку наведната глава, уживаат најголема популарност. Многу добар впечаток оставаат групните фотографии, бидејќи зборуваат позитивно за социјалните квалитети на корисникот и даваат насоки за неговиот статус.

Во онлајн запознавање, една слика значи повеќе од илјадници зборови

Премногу комплексни профили не уживаат голема популарност. Во потрага по потенцијални партнери луѓето претпочитаат повеќе едностава и разбирлива реторика.

На корисниците на сајтовите за запознавање, исто така не ми се допаѓа кога другите корисници лажат во профилите, бидејќи сметаат дека чесноста е драгоцен квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top