Трошоците за заштита на животната средина во 2013 година учествуваа со 1,5 проценти во БДП, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците вредноста на трошоците изнесувала 7.556.048.000 денари.
Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад, 43 проценти, по кои следат трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода со 29,8 проценти и за заштита на воздухот со 10,4 проценти.
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од компонентите: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 53,3 проценти, а на трошоците за одржување 46,7 проценти.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители 5.191.711.000 денари, односно 68,7 проценти. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.