| четврток, 6 декември 2018 |

Индустријата и специјализираните производители со најмногу трошоци за животна средина

средина

Трошоците за заштита на животната средина во 2013 година учествуваа со 1,5 проценти во БДП, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците вредноста на трошоците изнесувала 7.556.048.000 денари.

Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад, 43 проценти, по кои следат трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода  со 29,8 проценти и за заштита на воздухот со 10,4 проценти.

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од компонентите: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 53,3 проценти, а на трошоците за одржување 46,7 проценти.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители 5.191.711.000 денари, односно 68,7 проценти. Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 45,6 проценти се наменети за инвестиции, а 54,4 проценти се за одржување на средствата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top