СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.З.(37) и Џ.З.(41), двајцата од с.Горно Јаболчиште, велешко, за сторено кривично дело фалсификување пари.
На 5 септември пријавените на бензинска пумпа во Велес платиле со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Подоцна кога од страна на вработената е пријавено делото, полициски службеници извршиле преглед над лицата и возилото, што го управувале, при што се пронајдени уште две банкноти од по 1.000 денари и по една банкнота од 500 и 100 денари, кои подоцна од извршеното вештачење е утврдено дека се фалсификувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.