| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца скопјани фалсификувале пари

g_evra-nova

 

Двајца скопјани заработија кривични пријави за „фалсификување пари“.

Едната кривичната пријава е поднесена против С.А. (52) од селото Арачиново кој во периодот од јануари до април 2013 година, на подрачје на град Скопје, извршил шест кривични дела „фалсификување пари“ и тоа две на подрачје на општина Гази баба и по едно во општините Аеродром, Драчево, Петровец и Ѓорче Петров. Од страна на Истражен судија изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Кривичните дела ги извршил на идентичен начин, односно на Зелен пазар во Драчево, на Сточен пазар во Трубарево, како и во домовите на индивидуални производители, при плаќање на купените стоки (жито, овес и домашна ракија), пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од по 500 и 100 евра. Со потврда за привремено одземени предмети, од страна на оштетените одземени се фалсификуваните банкноти и доставени за вештачење до Народна банка на Република Македонија, од каде што се добиени експертизи со кои се потврдува дека банкнотите се фалсификувани. Од страна на оштетените извршено е и препознавање, на кое С.А. е препознаен како сторител на кривичното дело „фалсификување пари“.

Кривичната пријава е поднесена и против С.Р. (52) од Арачиново, кој во периодот од февруари до јуни оваа година, на подрачјата на град Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово, во домовите на индивидуални производители во повеќето случаи на домашна ракија, потоа на садници и на семки и сончоглед, во шест наврати пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од по 500 и 100 евра, при плаќање на купените стоки од повеќе лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top