| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон сака син, Вилијам сака мала принцеза

kejt-midltoun-652Војводката и војводата од Кембриџ се подготвени за неспани ноќи кои ги очекуваат наскоро, но не се согласуваат во желбите кога станува збор за полот на детето, пренесува „Пипл“.

За време на годишната церемонија во Олдершот кога на руските војници им ги предаде заслугите во облик на детелина, Кејт прозборе со неколкумина.

Наредникот Томас Лавен, кој го прими медалот за долги години поминати во служба, им раскажа на новинарите: „Ѝ честитав за бременоста и ѝ реков дека сега ги очекуваат неспани ноќи. Таа рече дека е подготвена на тоа“.

Друг војник, Ли Вилер, исто така, зборувал со Кејт: „Ја прашав дали знае дали е девојче или момченце, а таа рече дека сѐ уште незнае“.

Тогаш додаде дека таа би сакала да е момче, а Вилијам девојче. Ја прашав дали веќе имаат подготвени некои имиња, а таа рече дека немаат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top