| четврток, 6 декември 2018 |

Како се јадат 3 кг. сланина за 5 минути (видео)

n36503-630x325

Многу луѓе сакаат сланина, но самата помисла да изедеш скоро 3 килограми одеднаш, е доволна да ви се слоши. Но, не и на Мет Стоуни, кој учествувал во натпревари за надјадување и кој го запиша новото достигнување, со тоа што во неделата изел 182 парчиња сланина (околу 2,7 кг) за пет минути, информира „Huffington Post“.

135319_1

Според „CompetitveEaters.com“, претходниот неофицијален рекорд му припаѓал на Марк Лајл, кој изел едвај 54 парчиња сланина за пет минути.

Овој натпревар, на кој победи Стоуни, е организиран од „Major League Eaters“ и е нивни прв натпревар по надјадување со сланина. Според MLE, во моментов Стоуни е на второ место во ранг листата на луѓето вклучени во слични натпревари.

Стоуни има интересен начин на јадењето на сланина. Тој зграпчува цела шака, ги витка парчиња на половина, по што ги бута во устата и голта со чаша вода.

Според неговиот „Фејсбук“ профил тој е многу пребирливи кон тоа како е приготвена сланината.

Откако ја освои титулата, 22 годишниот Стоуни споделил пред „Huffington Post“ дека сланината била подготвена токму како што нему му се допаѓа, малку крцкава, бидејќи не сака да ја џвака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top