Македонскиот шампион Металург за само два дена одигра уште еден тежок натпревар со Загреб по оној во Лигата на шампионите, но овојпат во рамките од СЕХА лигата.
Металург повторно загуби скоро на идентичен начин како во неделата со 20-23.
Натпреварот се чини беше решен уште во првиот дел кога Загреб дојде до високи девет голови разлика (14-5). Домаќините повторно одиграа слабо прво полувреме постигнувајќи само пет гола. Грешките кои ги напрравија по брозплетите комбинации во нападот беа пресудни за високата разлика.
Во вториот дел како да излезе сосема нов Металург на теренот. На голот се разбрани одличниот Митревски кој денеска успеа да фати 14 топки од кои дури девет во второто полувреме и со тоа им овозможи на своите млади соиграчи лесни реализации. Најефикасен во составот на металурзите беше Неловски со четири голови.
Кај загребчани најефикансниот играч беше Шебатиќ со само три погодоци.
Кон средината на второто полувреме, Металург на денешниот дуел од СЕХА лигата против Загреб остана без еден од своите најдобри ракометари Филип Талевски кој поради повреда мораше предвреме да го напушти паркетот. Од клубот најавија дека најверојатно се работи само за дисторзија на коленото, но утрешната магнетна резонанца треба да го даде конечниот одговор за сериозноста на поведата.
Металург остана на шестото место на табелата со 15 бода, додека Загреб се зацврсна на третата позиција веднаш зад Веспрем и Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


